Почетна » Новости » Занимливости » Анистон, Џоли, Бред Пит и Џони Деп – идеални партнери за Св.Валентин

Анистон, Џоли, Бред Пит и Џони Деп – идеални партнери за Св.Валентин

По повод празникот на љубовта Св. Валентин, интернет сајтот omg! Yahoo направи анкета за да дознае со кои славни личности луѓето најмногу и најмалку би сакале да излезат на Св. Валентин.

Од славните личности од понежниот пол, најнепосакувана излезе популарната Снуки од серијата „Jersey Shore“. Според резултатите, втора по ред ѕвезда со која посетителите на сајтот не би сакале да излезат на Св. Валентин е Парис Хилтон.

Снуки од серијата „Jersey Shore“Снуки од серијата „Jersey Shore“ Парис ХилтонПарис Хилтон

Анкетата покажала дека дури третина од посетителите би го сметале за кошмар излегувањето со Џастин Бибер за Св. Валентин. Ваквиот резултат можеби ќе ги изненади обожавателките на 16-годишниот пејач, но бидејќи анкетата била спроведена со учество на лица од 18-64 години, резултатот е сосема логичен.

Учесниците побрзо би го имале за свој партнер Чарли Шин или Мел Гибсон, отколку Џастин Бибер.

Џастин БиберЏастин Бибер Чарли ШинЧарли Шин

Џенифер Анистон и Анџелина Џоли биле поставени на врвот на листата на женски славни партнерки од соништата.

Џенифер АнистонЏенифер Анистон Анџелина ЏолиАнџелина Џоли

Од мажите пак, Џони Деп и Бред Пит биле најпосакувани партнери за романтичната вечер.

Џони ДепЏони Деп Бред ПитБред Пит

Интересно е што лезбејките за своја партнерка најмногу ја посакуваат Анџелина Џоли, а хомосексуалците за омилен партнер – Рајан Рејнолдс.

„Титаник“ бил избран за најдобар филм за гледање по романтичната вечера за Св. Валентин. Втор најпопуларен избор за филм бил „The Notebook“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11998 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.