Љубовта не доаѓа секогаш лесно, а понекогаш се потребни дури 43 запросувања пред да стигне судбоносното „ДА“.
Таква е несекојдневната приказна на Лук Винтрип и Сара, која конечно го прифатила предлогот за брак по многубројни неуспешни обиди. Верувале или не, упорниот дечко 43 пати во текот на 7 години ѝ предлагал брак, но и покрај екстравагантните предлози, таа упорно велела „Не“.


Првиот предлог бил само шест месеци откако започнале да се состануваат. „Првиот пат знаев дека е рано, но просто знаев дека таа е вистинската. Пријателите ми велеа дека ќе ја изморам, но јас сакав да ѝ докажам колку го посакувам бракот со неа и се надевав дека еден ден нашите ќерки ќе го видат ова и ќе речат: ‘Ако Лук толку ја сака мама, морам и јас да најдам некој кој толку ќе ме сака’“ – појаснил тој.


За среќа, Лук никогаш не се откажал од својата љубов и продолжил да се обидува за на крајот таа конечно да се согласи да му биде сопруга.
Последниот и финален предлог за брак бил во Гринич, Лондон, каде Лук ѝ рекол на Сара:
„Ова е центарот на светот и ти си центарот на светот и сакам да се омажиш за мене“.
„Конечно ми го освои срцето“ – рекла Сара. „Веројатно треба да добие рекорд во Гинис. Мило ми е што издржа толку долго“ – додала таа.
Приказната на Лук и Сара не е доказ само за упорност, туку и за трпение и лојалност.

