Почетна » Новости » Шоу-бизнис » AskMen: Најпосакуваните жени за 2011

AskMen: Најпосакуваните жени за 2011

Познатиот машки сајт AskMen ја објави својата листа на 99-те најпосакувани жени за 2011. Гласовите на повеќе од 5 милиони луѓе од цел свет се преброени и веќе е јасно кои ѕвезди успеаја оваа година да добијат статус на најпосакувани.

На самиот врв на листата се наоѓа актерката Блејк Лајвли, позната од серијата „Gossip Girl“ и филмот „Тhe Town“. 23-годишната убавица, која е и заштитно лице на Шанел, направи неверојатен скок и од минатогодишното 85-то место се искачи директно на врвот.

Ѕвездата на „Black Swan“ Мила Кунис го доби второто место, а 38-годишната Софија Вергара, која се прослави со своето учество во „Modern Family“, се искачи на третото место.

Минатогодишната победничка Емануела Шрики падна на 12-тото место, а во првите десет се најдоа Шерил Кол, Скарлет Јохансон и Кети Пери. Погледнете ги 20-те најпосакувани жени на светот:

Блејк ЛајвлиМила КунисСофија ВергараСелита ИбенксМиранда КерШерил КолСкарлет ЈохансонКети ПериЕн ХетавејЏесика ПерНатали ПортманЕмануела ШрикиЏесика АлбаКејт БекинсејлРоузи Хантингтон ВитлиПенелопе КрузЕма ВотсонМариса МилерБар РафаелиКендис Сванапул

1. Блејк Лајвли

2. Мила Кунис

3. Софија Вергара

4. Селита Ибенкс

5. Миранда Кер

6. Шерил Кол

7. Скарлет Јохансон

8. Кети Пери

9. Ен Хетавеј

10. Џесика Пер

11. Натали Портман

12. Емануела Шрики

13. Џесика Алба

14. Кејт Бекинсејл

15. Роузи Хантингтон Витли

16. Пенелопе Круз

17. Ема Вотсон

18. Мариса Милер

19. Бар Рафаели

20. Кендис Сванапул

Бијонсе застана на 23-то место, Шакира на 26-то, Џенуари Џонс на 29-то, Жизел Бундхен на 34-то, Ријана на 41-во, Адријана Лима на 42-ро, Меган Фокс на 49-то, Лејтон Мистер на 53-то, Тејлор Свифт на 56-то, Анџелина Џоли на 67-мо, Ева Лонгорија на 68-мо, а Кристен Стјуарт на 90-то.

Жените со темна боја на косата добија многу повеќе места на славната листа. 70 од сите убавици се бринети, 27 се русокоси, а само две се црвенокоси.

Друг интересен факт е што само 19% од најпосакуваните жени имаат високо образование.

Најмладата на листата е 19-годишната Пикси Лот (70. место), а највозрасната е 44-годишната Хали Бери (85. место).

Интересно е што Анџелина Џоли и Жизел Бундхен имаат место на сите десет листи за Најпосакувани жени од 2001 до 2011 година. Бијонсе е прогласена за „Жена на деценијата“, бидејќи била рангирана високо на листата дури 9 пати, а во 2007г. го имаше и првото место.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11484 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.