Синот на Сара Мејс и Димитар Атанасовски наполни 3 години.
34-годишната пејачка и 37-годишниот водител со широки насмевки позираа со двете деца, слатката Илина и славеникот Кирил. Пред нив стоеше тортата со голем диносаурус.


Сара напиша специјална порака за синот и ги постави хаштаговите: „Пред три години си го родив ова дете“, „Уште не ми е јасно како ми успеа да сум мајка на магично суштество“ и „Фала на честа Универзуме“.
Ова детенце, оваа светлина најголема!
Фала ти што постоиш и што ни го правиш животот најубав и најсмешен
Ти си едно најубаво нешто што може на човек да му се случи!
Најсреќен биди Кирил, само продолжи да зрачиш, како што и го правиш тоа.


Сара и Димитар стапија во брак во 2017 година, а следната година се роди нивната ќеркичка Илина. Кирил се роди во 2022 година.
