Понекогаш, патот до родителството е долг, неизвесен и исполнет со предизвици.
Така беше за еден пар од Алексинац, Србија, кој сите три деца ги доби со помош на ин витро оплодување во „Плодност“. Со очи полни со емоции семејството повторно се сретна со Прим. Д-р Таше Трпчевски, но овој пат со пораснатите деца:


Семејство од Алексинац со трите дечиња родени со ИВФ во посета на Прим. д-р Таше Трпчевски.
Пациентка на 42 години од Алексинац, во брак 14 години и по долгогодишна борба со неплодност, денес ни дојде во посета со трите деца родени со ин витро оплодување во Плодност:
Првиот син е роден во 2014 година, денес има 11 години
Вториот син е роден во 2019 година, денес има 6 години
Ќерката е родена во 2022 година, денес има 3 години
Неодамна, од Алексинац добивме и признание за успесите во областа на репродуктивната медицина, токму ваквите семејства се најголемата потврда за нашата посветеност.

Србија на почетокот од месецот му се поклони на Трпчевски и му додели Плакета за придонес во зголемувањето на наталитетот и подобрување на здравствената заштита во регионот.
Дури 100 бебиња од Алексинац и 300 други низ цела Србија се зачнати со помош на тимот на „Плодност“ составен од посветени лекари, ембриолози и медицински сестри кои работат со врвна технологија и со срце.
