Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Маж со големо срце вдомува стари животни кои никој не сака да ги посвои

ФОТО: Маж со големо срце вдомува стари животни кои никој не сака да ги посвои

Маж со големо срце ги освои симпатиите на илјадници љубители на животни. Стив Грег од Колорадо ги отвори вратите од својот дом за стари животни кои никој не сакал да ги посвои.

Животни

Најчесто кога луѓето одлучуваат да посвојат милениче, преферираат тоа да биде родено пред само неколку недели и месеци, но не било така во случајот на Грег.

Откако починало кучето за кое се грижел, Грег сакал да ја исполни празнината која ја чувствувал и да направи добро дело. Така, добродушниот маж дошол до идејата да вдоми миленик за кој никој не бил заинтересиран да го посвои. Тој посвоил стара чивава со срцева слабост. „Посвоив 12-годишна чивава со срцева слабост и четири лоши колена. Ја донесов дома и оттаму започна посвојувањето на сите животни“ – рекол тој за The Dodo.

Животни Животни

Прекрасното чувство кое го обзело Грег поради направеното добро дело, го мотивирало да продолжи да им помага на остарените животни и да им ја дава својата љубов.

Тој сега се грижи за десетици животни меѓу кои 9 кучиња, едно прасе, зајак и неколку мачиња и пилиња. „Пораснав со многу миленици. Моите родители беа љубители на животни и тие ми дозволуваа да го имам секое животно што ќе посакам, сè додека се грижам за него“ – вели Стив.

Животни Животни Животни

Профилот на Instagram на кој Грег споделува фотографии од спасените миленици, го следат 480.000 лица.

Секој ден тој се буди рано наутро за да им приготви јадење. „Еден нормален ден започнува во 5 часот наутро и правење на појадок за сите нив. Знаете, повеќето од нив имаат различни диети“ – вели тој. Откако ќе заврши со своите утрински обврски тој заминува на работа, а паузата за ручек ја користи за да намине повторно кај своите миленици.

„Ме исполнува тоа што знам дека овие момци се среќни, сакани и добро згрижени. Тоа ги прави моите денови вредни“ – додал тој.

Животни Животни Животни Животни Животни Животни Животни Животни Животни Животни Животни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12026 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.