Кристијано Џуниор несомнено ќе ги следи стапките на својот татко Кристијано Роналдо.
15-годишниот наследник на славниот фудбалер го имаше својот прв триумф со репрезентацијата У16 на Португалија, освојувајќи го првото место на Купот на Федерациите во Анталија, Турција.
Џорџина Родригез не пропушти да присуствува на овој важен турнир на нејзиниот најголем син. Облечена во црвено кожно здолниште и маица со името на Роналдо, таа навиваше и славеше од трибините.
„Обожавам да бидам мајка. Многу се гордеам со моето големо момче“ – напиша таа.
На овој турнир, Кристијано Џуниор го даде првиот гол за младинската репрезентација до 16 години на неговата татковина.
И мајката на Кристијано, Долорес, беше присутна на трибините.
Фудбалерот го доби синот Кристијано Роналдо Џуниор во јуни 2010 година. Никогаш не беше откриен идентитетот на мајката.
