Почетна » Новости » Актуелно » Недопустливо: Маж ја бакна на вратот и ја допре на градите претседателката на Мексико, инцидентот шокира

Недопустливо: Маж ја бакна на вратот и ја допре на градите претседателката на Мексико, инцидентот шокира

Непријатен инцидент во Мексико го шокираше светот и разгоре бројни дебати онлајн.

Пијан маж сред бел ден ја бакнуваше на вратот и недолично ја допираше за градите мексиканската претседателка, Клаудија Шајнбаум. Инцидентот се случи во Мексико Сити додека таа ја поздравувала насобраната толпа.

Клаудија Шајнбаум Клаудија Шајнбаум

Виралното видео покажува како мажот, кој бил пијан, се приближува до неа и започнува да ја бакнува и допира, а таа му ги трга рацете и се врти кон него, пред да интервенира владин службеник и да се постави помеѓу нив.

@nbcwashington Mexico President Claudia Sheinbaum says the harassment she suffered from a drunk man near the government seat is an assault on all women. She decided to press charges against him. #claudiasheinbaum ♬ original sound - NBC4 Washington

Државната полиција подоцна потврди дека мажот е уапсен, а Шајнбаум изјави дека ќе поднесе обвинение.

„Ако јас не поднесам жалба, што ќе се случи со другите Мексиканки? Ако ова ѝ се случи на претседателката, што ќе се случи со сите други жени во земјата?“ – рече таа.

„Поднесов пријава за случајот на вознемирување што го доживеав вчера во Мексико Сити. Мора да биде јасно дека, надвор од тоа што сум претседателка, ова е нешто што многу жени го доживуваат во земјата и во светот; никој нема право да го нарушува нашето тело и личен простор.“

Клаудија Шајнбаум Клаудија Шајнбаум

„Ќе ја прегледаме законската регулатива за овој вид на злосторство да биде казниво во сите 32 држави“ – напиша Клаудија на X.

Клаудија од 2024 година ја извршува функцијата Претседател на Мексико.

Клаудија Шајнбаум

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30245 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.