Почетна » Новости » Занимливости » „Совршени несовршености“: Мајки кои се гордеат со своето тело по породувањето

„Совршени несовршености“: Мајки кои се гордеат со своето тело по породувањето

Бременоста и породувањето го менуваат телото на жените и многу мајки се соочуваат со ниска самодоверба. Нили Кер-Фокс го создала проектот „Perfect Imperfections“ (Совршени несовршености) за мајките да ја покажат убавината на своите тела и да се чувствуваат моќно и самоуверено.

Фотографиите на креативната мајка на две деца ќе ве убедат дека треба да го сакате своето тело токму онакво какво што е, со сите совршени несовршености.

Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки

По раѓањето на своето второ дете, Фокс се мачела да го прифати својот нов постпородилен изглед. Но, фактот дека израснала две бебиња во своето тело ѝ помогнал да си го промени мислењето за себе.

„Едното бебе расте толку брзо што едвај можам да го прегрнам, додека другото нестабилно се обидува да застане на нозе. Еден ден нема да имаат потреба од мене, малку по малку тоа станува поочигледно. Еден ден ќе престанат да ја подаваат раката кон мене, нема да имаат потреба да им ги бакнувам раните, пред да трепнам нема да им требам повеќе. Но, овие линии, овие лузни на живот... ќе ги носам со мене додека сум жива. Се гледам себеси по 20-30 години... овие несигурности кои ги имам сега ќе бидат само шега“ – пишува таа на својот блог.

Нили започнала да фотографира мајки инспирирана од проектите „Телата во четвртиот триместар“ на Ешли Велс Џексон и „A Beautiful Body“ на Џејд Бил.

„Овој проект е многу повеќе од фотографии од стрии или целулит. Тој има за цел да ги поттикне жените да излезат од сенката и да започнат да дискутираат за она што секојдневно ги мачи“ – рекла Нили за The Huffington Post. „Сите ние како човечки суштества имаме несигурности и сме со лузни, несовршени и дефектни физички и емотивно“ – рекла таа.

Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки

Во рамките на проектот, Нили објави и фотографии од мало девојче кое не дозволува хендикепот да го порази и зрачи со позитивност. „Се молам кога Кендал ќе порасне и ќе се бори со своите несигурности заради тоа што е различна, да се наврати на овие фотографии и да црпи сила за да продолжи да биде онаква каква што Бог ја создал да биде“ – пишува фотографката.

Кендал Кендал Кендал Кендал

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28439 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.