Почетна » Новости » Занимливости » Четврт триместар: Телото на мајките по породувањето

Четврт триместар: Телото на мајките по породувањето

Ешли Велс Џексон е иницијатор на проектот „Телата во четвртиот триместар“, кој се фокусира на мајките по породувањето.

Фотографиите од проектот покажуваат мајки кои се гордеат со своите тела, занемарувајќи ги овиснатата кожа и стриите кои се последици на бременоста и доењето.

Идејата за проектот се родила непосредно по трагичен настан во животот на Ешли. Имено, младата мајка носела близначки и се породила во 24-тата седмица, но само едно од девојчињата преживеало.

„Се чувствував скршена и оштетена и во период од животот кога сакав да го славам своето тело за тоа што создава живот, се соочував со фактот дека тоа одзеде еден“ – изјавила таа.

Пет месеци откако Ешли си заминала дома со малата ќеркичка Нова, таа се фотографирала себеси гола и со сите лузни. „Сакав да објавам фотографија со цел да ми помогне да го надминам тоа и со надеж да им помогнам и на други жени“ – рекла таа. Така настанал популарниот проект кој ќе прерасне во книга во којашто ќе бидат раскажани приказните на стотици жени.

Фотографиите од проектот веќе им помагаат на многу жени. „Овој проект ми го промени животот... Кога ќе се погледнам во огледалото, повеќе не велам веднаш дека стомакот ми изгледа ужасно или дека колковите ми се огромни. Си велам, јас сум жена... јас сум убава, родив дете“ – рекла една од учесничките.

Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето Телото на мајки по породувањето

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.