Почетна » Новости » Занимливости » Одлична реклама со важна порака: Првиот крем кој ви подарува брчки

Одлична реклама со важна порака: Првиот крем кој ви подарува брчки

Секојдневно сме бомбардирани со рекламни пораки за различни козметички производи кои магично ги намалуваат брчките.

Генијална реклама со пораката „Конечно, крем кој ви дава брчки“ ќе ве натера да погледнете кон своите гради. Всушност, станува збор за крем за гради, кој ако го нанесувате редовно, ќе ви помогне навремено да откриете појава на промени или грутки на градите кои се асоцираат со рак на дојка. Колку порано е дијагностициран ракот на дојка, толку поголеми се шансите за лекување. Идејата врз која е изградена рекламата е дека со користење на кремот, вие си ги зголемувате шансите да доживеете старост, а со тоа и да добиете брчки.

Реклама

Рекламата е дел од кампања на Фондацијата за рак на дојка на Нов Зеланд, во рамките на која е создаден кремот за гради. Се работи за обичен хидратантен крем кој цели да им создаде навика на жените редовно да си прават самопреглед на градите.

Реклама

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11433 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.