Пред две години, Сара Стејџ привлече големо внимание откако сподели фотографија од трудничкото стомаче во осмиот месец од својата прва бременост. Нејзиното тонирано тело воопшто не откриваше дека таа е во поодмината бременост.
33-годишниот модел моментално го очекува своето второ дете. Стејџ сподели фотографии од своето тело по бикини и повторно ги изненади фановите со својот фит изглед, бидејќи воопшто не се забележува дека таа е во 22. недела од бременоста.

„Вчера тој ме погали по стомакот и рече „моето бебе“. Мислите ли дека 2-годишно дете навистина разбира“ – напиша Сара во описот на фотографијата на која малото синче ја гали по стомакот.













Иако многумина ја критикуваа што вежба во текот на целата бременост и не веруваа дека Сара ќе роди бебе со здрава тежина, нејзиното синче Џејмс се роди тешко 3,8 килограми.
