Тамара Тодевска беше специјална гостинка на концертот на легендарниот Драган Мијалковски во локал во Скопје.
39-годишната македонска пејачка настапи на сцената и ја освојуваше публиката со својата енергија и вокални способности.
„Особено задоволство е да се биде гостинка на единствениот Драган Мијалковски, брендот на македонската поп-музика“ – напиша Тодевска.
За оваа пригода, Тамара избра црвен миди фустан, кој го искомбинира со црни чизми и кожна јакна.





Пред неколку дена, Тамара со својот партнер Лука Радовиќ ја прославија втората годишнина од врската.
