Сара Стејџ се породи. Згодната трудница, која се прослави со својот фит изглед и мал тониран стомак во текот на бременоста, го роди своето второ дете.
33-годишниот модел постојано добиваше критики зашто вежбаше и во последните месеци од бременоста. Многумина беа загрижени за бебенцето во нејзината утроба и коментираа дека тоа што го прави не е добро за плодот, а бројни беа и оние кои не веруваа дека на фотографиите таа е во 9. месец од бременоста.
Сара еден ден пред породувањето
Сепак, Стејџ роди здраво момче тешко 3,2 килограми и повторно покажа дека не прави ништо со што би им наштетила на своите деца.
Новороденчето го доби името Логан Александар. Згодната мајка сподели фотографија со двете синчиња и сопругот.
„Добредојде на овој свет Логан Александар. Роден на 16. октомври во 13.20 часот, тежок 3,2 кг. Се молевме, планиравме и посакувавме здраво и среќно бебенце. Добивме сè што посакувавме и засега нашето семејство е комплетно. Ви благодарам за целата поддршка, го цениме тоа!“ – напиша таа во описот.
Двете бремености Стејц ги документираше со фотографии и видеа на Instagram.
Сара во 9. месец од бременоста
Сара во 36. недела од бременоста
Сара во 8. месец од бременоста
Сара во 7. месец од бременоста
Сара во 5. месец од бременоста
Првото синче Сара го роди во април 2015 година.
