Сара Стејџ придобива фанови и мами комплименти и критики со своето фит тело и едвај видливото трудничко стомаче во напредна бременост.
33-годишниот модел е во осмиот месец од втората бременост, а сè уште може да се пофали со изразени стомачни мускули.
Сара во осмиот месец од бременоста




Сара сподели со нејзините фанови на Instagram дека до седмиот месец ја имала покачено телесната тежина за само 8 килограми. Тогаш таа објави и кратко видео од свој тренинг во домашна атмосфера.
Атрактивната трудница, која се прослави низ светот со малото стомаче во првата бременост, добива многу пофалби, но неретко е мета на коментари дека го загрозува животот на нероденото бебенце и дека единствено се грижи за сопствениот изглед, а не за здравјето. На таквите критики, таа возврати:
„Веднаш откако соопштив дека сум бремена по вторпат, одредени „Instagram медицински експерти“ ми кажуваат што треба, а што не треба да правам. Иако некои од коментарите се урнебесни, избирам да го слушам само мојот гинеколог и се разбира, да го слушам и моето тело. Секогаш го правам она што е најдобро за моето бебе кое расте и го ставам на прво место! Докажан медицински факт е дека продолжувањето на вежбањето во бременоста има многу здравствени бенефиции за вас и вашето бебе.
Има луѓе кои претпоставуваат дека заради тоа што вежбам во бременоста, дека сум опседната со тоа како изгледам, но всушност сум опседната со одржувањето на здрав начин на живот кој ќе му даде на моето бебе и мене најквалитетен живот. Јас не ги осудувам оние кои избираат да не бидат активни во бременоста, бидејќи тоа е нивен живот.“




Сара добиваше слични критики и во првата бременост. И покрај тоа што имаше мал стомак, таа роди момче тешко 3,8 килограми.
