Почетна » Новости » Актуелно » Респираторна физиотерапија

Респираторна физиотерапија

Респираторната физиотерапија може да им помогне на пациентите кои имаат тешкотии со дишењето. Третманот се нуди на лица со основна хронична белодробна болест, како што се хронична опструктивна белодробна болест (емфизем и хроничен бронхитис), бронхиектазии, белодробна фиброза, астма и постоперативни ателектази.

Респираторната физиотерапија
  • Физиотерапевтска проценка – 1800 денари.
  • Респираторна физиотерапија – 2000 денари.
  • CPAP – 1800 денари.
  • Респираторна физиотерапија + CPAP – 3000 денари.
  • Мотомед терапија – 1800 денари.
Респираторната физиотерапија

Респираторните состојби можат да имаат значително влијание врз вашата физичка активност и врз независноста во спроведувањето на секојдневните активностиа воедно може да се одрази на вашата емоционална благосостојба. Третманот и неговите резултати ќе зависат од вашата индивидуална состојба и симптоми. Вашиот физиотерапевт ќе ја прилагоди програмата според вашите индивидуални потреби во консултација и препораки на вашиот лекар.

Ако страдате од респираторни нарушувања, физиотерапијата може да ви помогне подобро да се справите со:

  • Чувство на замор поради недостаток на воздух
  • Практични интервенции / перкусиона / вибро терапија
  • Постурална дренажа
  • Вежби за помош при искашлување / чистење на секрети
  • Помош за подобрување на ефикасноста на дишењето
  • Совет за самоменаџирање
  • Подобро разбирање на состојбата.

Клиника Жан Митрев има 25-годишно искуство во спроведување на респираторната физиотерапија. Закажете го вашиот термин на 02 3091 484

Респираторната физиотерапија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.