Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Шакира се лизна и падна на сцената сред концерт, се снајде како вистински професионалец и доби комплименти

ВИДЕО: Шакира се лизна и падна на сцената сред концерт, се снајде како вистински професионалец и доби комплименти

Шакира уште еднаш покажа дека е вистински професионалец и дека нема да дозволи ништо да ѝ ги уништи нејзините сценски настапи.

48-годишната музичка дива имаше незгода на сцената во Монтреал, Канада, по која одлично се снајде и доби бројни комплименти од фановите. Босоногата пејачка се лизна и лошо падна додека танцуваше на песната „Whenever, Wherever“, но направи потег на вистинска дива, со насмевка се исправи и продолжи со настапот.

Шакира
@multiversoshakifan Se nos cayó Shakira en Montreal, pero se cayó y se levantó en DIVA @Shakira ♬ Hips Don't Lie (i never really knew that she could dance like this) (feat. Wyclef Jean) - Shakira

Шакира се пошегува на своја сметка, споделувајќи кратко видео на Instagram.

„Од падовите никој не се спасува“ – напиша таа.

Комплиментите постојано се нижат на социјалните мрежи за начинот на кој Шакира се справи со целата ситуација.

„Шакира, кралицата која ги претвора падовите во незаборавни моменти“, „Подот имаше чест да ја бакне“, „Воин“, „Дури и кога паѓа е прекрасна“ – се само дел од коментарите.

Шакира во моментов настапува низ Канада како дел од нејзината светска турнеја „Las mujeres ya no lloran”.

Шакира Шакира

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25855 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.