Сара Стејџ е во 34. недела од бременоста, но од нејзиниот изглед тешко може да се познае дека таа е во поодмината бременост.
31-годишниот модел постојано ја документира својата бременост со фотографии кои ги објавува на Instagram. Поради малиот тониран стомак, Стејџ го буди љубопитството на повеќе од милион Instagram „следбеници“ од целиот свет.




Судејќи според нејзините фотографии, тешко е да се поверува дека таа ќе се породи за помалку од еден месец.

Стејџ потекнува од Коста Рика, а живее и работи во Лос Анџелес. Во модната индустрија влегла по завршувањето на средното училиште, а соработува со престижни агенции за модели како „Elite Model Management“.
Згодната трудница редовно вежба, а во текот на бременоста продолжила да ги исполнува своите ангажмани како професионален модел. Иако за некои од фотосесиите било потребно таа да позира во долна облека, тоа воопшто не ѝ било пречка.


Стејџ изјавила дека ја одржува фигурата со лесни вежби и пилатес, кои основно се фокусирани на зацврстување на нејзините нозе и раце. Во однос на исхраната, таа вели дека секојдневно консумира готови здрави оброци кои ѝ се доставувани дома, а кои најчесто содржат кафеав ориз, киноа, зеленчуци и пилешко. Сепак, таа признава дека одвреме-навреме си дозволува и брза храна.
Коментарите на социјалните мрежи се најразлични. Додека некои ѝ се восхитуваат и ѝ завидуваат, други ја напаѓаат и изразуваат загриженост за здравјето на бебето. „Повеќето коментари се позитивни, се обидувам да ги игнорирам негативните. Мојот доктор вели дека бебето е здраво, а мене само тоа ми е важно“ – рекла таа.