Во 2015 година, Сара Стејџ го привлече светското внимание со тонираното тело и минијатурното трудничко стомаче во осмиот месец од бременоста. Покрај пофалби и комплименти за одржаниот изглед, таа доби и критики од лица загрижени за здравјето на бебето.
Иако едвај ѝ се забележуваше стомаче, 33-годишната Американка роди здраво момче тешко 3,8 килограми.
Стејџ повторно е во блажена состојба. Таа позираше гола во шестиот месец од бременоста за да сподели со своите фанови дека повторно носи момче.





Нејзиното „невидливо“ стомаче и изразени стомачни мускули во 26. недела од бременоста повторно ја разбрануваа јавноста. Згодната мајка преку пост им возврати на критичарите. „Се наоѓам на место во мојот живот каде приоритет ми се среќата, мирот и радоста. Особено во шестиот месец од мојата бременоста нема простор за било каква негативност. Бебето број 2 е здраво и напредува одлично. Сметав дека после Џејмс, кој се роди здрав и тежок речиси четири килограми, луѓето ќе бидат поразбирливи за време на оваа бременост и ќе си ги чуваат неуките коментари за себе. Сите ние сме различни, тоа нè прави специјални и уникатни“ – напиша познатиот модел.




