Ќерката на Гоца Тржан прослави полнолетство.
50-годишната српска пејачка ѝ организираше голема забава за 18-тиот роденден на Лена, која ја има од бракот со поранешниот сопруг Иван Маринковиќ.
На прославата, музичката ѕвезда повика бројни свои колеги како Саша Ковачевиќ и Тања Савиќ, кои направија вистинска журка.
Лена најпрво носеше кратка бела креација со чипка, а потоа се пресоблече во покомфорно црно фустанче.
За оваа пригода, Тржан шармираше во долга розова тоалета. На прославата беше и нејзиниот сегашен сопруг Раша Новаковиќ.












Фотографии: Scandal tabloid/Instagram, Goca Trzan/Instagram