Почетна » Новости » Актуелно » Новата винарија „Монтеко“ веднаш зад „Тиквеш“ по бројот на медали на влијателниот глобален натпревар International Wine Challenge (IWC)

Новата винарија „Монтеко“ веднаш зад „Тиквеш“ по бројот на медали на влијателниот глобален натпревар International Wine Challenge (IWC)

Во исклучително силна конкуренција од целиот свет, македонските винарии освоија 14 сребрени и 17 бронзени медали на престижниот IWC (International Wine Challenge), кој е еден од највлијателните светски настани во оваа сфера, познат по ригорозните критериуми и комплетната непристрасност при оценувањето.

Посебно внимание привлекува успехот на винаријата „Монтеко“ која е присутна на пазарот само една година, а на овој настан се закити со три бронзени и три сребрени медали. Најголемата домашна винарија „Тиквеш“ пак доби најмногу медали - осум сребрени и 12 бронзени, „Стоби“ освои еден сребрен и два бронзени медали, а на „Камник“ му припадна еден сребрен медал. Додека сребрен медал освои и вино од приватна марка.

Монтеко

Со сребрени медали се закитија три вина на „Монтеко“ - белото „Темјаника“ и црвените вина „Мерло“ и „Вранец“, додека бронзи добија белото вино „Шардоне“ и црвените „Неро“ и „Филип“.

Производите на оваа нова винарија лоцирана во Кратово веќе стануваат признаени низ целиот свет и успеваат да се носат „рамо до рамо“ со оние на познатите светски винарии. Со тоа „Монтеко“ полека и сигурно се искачува на високите позиции во екстремно компетитивниот и квалитетен вински свет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25856 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.