Почетна » Новости » Актуелно » Мајмунски сипаници во Македонија: Д-р Даниловски за симптомите, пренесувањето и дали има ризик од епидемија

Мајмунски сипаници во Македонија: Д-р Даниловски за симптомите, пренесувањето и дали има ризик од епидемија

Вчера, беа потврдени првите два случаи на мајмунски сипаници во Македонија.

За да ја намали паниката кај граѓаните и да ја опише оваа вирусна болест, епидемиологот Драган Данаиловски се огласи на Facebook.

Македонскиот доктор ги сподели главните информации кои треба да ги знаат сите и апелираше луѓето да се информираат од релевантни извори, а не од гласини.

МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ

Во продолжение ви го пренесуваме неговиот пост:

МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ

МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

Еве што треба да знаете:

1. Што се мајмунски сипаници?

Мајмунските сипаници се вирусна болест предизвикана од monkeypox вирусот, кој припаѓа на истото семејство како и вирусот на големите сипаници (variola vera). Симптомите обично вклучуваат:

  • Треска
  • Главоболка
  • Болки во мускулите и грбот
  • Зголемени лимфни жлезди
  • Исцрпеност
  • Кожен осип кој може да се појави на лицето, рацете, стапалата, гениталната област или други делови од телото

Инкубациониот период е обично од 6 до 13 дена, но може да варира од 5 до 21 ден. Болеста трае од 2 до 4 недели и во повеќето случаи се повлекува без потреба од специфичен третман. Сепак, кај лица со ослабен имунитет, деца и бремени жени, може да се развијат посериозни компликации.

2. Како се пренесува?

- Директен контакт со кожни лезии или телесни течности на заразено лице;

- Близок физички контакт, вклучувајќи сексуален однос;

- Контакт со контаминирани предмети како облека, постелнина или прибор;

- Респираторни капки при продолжен близок контакт лице в лице.

Важно: Болеста не се пренесува лесно. Потребен е близок, продолжен контакт!

3. Ризик за епидемија?

МНОГУ НИЗОК. Состојбата се следи од здравствените власти.

4. Што да направите за сопствена заштита?

- Одржувајте хигиена (миење раце со сапун и вода);

- Избегнувајте близок контакт со симптоматски лица и споделување на лични предмети;

- Консултирајте лекар при сомнителен осип.

5. Информирајте се од релевантни извори – не од гласини!

Мајмунските сипаници не се нова, ниту неконтролирана закана. Ситуацијата бара информираност и претпазливост, но не и паника. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Институтот за јавно здравје.

МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ

Еве дел од информациите на Институтот за јавно здравје:

Mpox е вирусна зооноза (вирус кој се пренесува на луѓето од животни), со симптоми многу слични на оние забележани во минатото кај пациенти со големи сипаници, иако клинички ова е помалку тешка болест.

Mpox кај луѓе за прв пат биле идентификувани во 1970 година во Демократска Република Конго кај 9-месечно бебе во регион каде што големите сипаници биле елиминирани во 1968 година.

Пренесување

Mpox се шири од човек на човек главно преку близок контакт со заболен, вклучително и членови на домаќинство. Блискиот контакт вклучува контакт на кожа со кожа (допирање или сексуален однос) и контакт на слузокожи или кожа со слузокожа (бакнување), а може да вклучува и пренос од човек на човек при зборување или дишење блиску еден до друг, преку заразни респираторни честички.

Луѓето исто така може да се заразат со Mpox од контаминирани предмети како облека или постелнина, преку повреди од игла.

Најчести симптоми на Mpox се:

  • Осип
  • Треска
  • Болно грло
  • Главоболка
  • Болки во мускулите
  • Болки во грбот
  • Слабост
  • Отечени лимфни јазли

Кај некои лица, првиот симптом е осип, додека кај други тоа може да биде треска, болки во мускулите или болка во грлото.

Осипот обично започнува на лицето и се шири по телото, вклучувајќи ги дланките и стапалата. Може да започне и на други делови од телото кои биле во контакт, како што се гениталиите. Започнува како рамна раничка, кое потоа станува меур исполнет со течност што може да чеша или да биде болно. При заздравување, лезиите се сушат, создаваат красти и паѓаат.

Дијагноза

Препорачан лабораториски тест за Mpox е откривање на вирусна ДНК со полимеразна верижна реакција (PCR). Најдобрите дијагностички примероци се земаат директно од осип - кожа, течност или краста. Во отсуство на кожни лезии, тестирањето може да се направи со помош на брисеви од грло или анус. Тестирање на крв не се препорачува. Методите за откривање на антитела не се корисни бидејќи не прават разлика помеѓу различни ортопоксвируси.

Проценка на ризик

Ризикот за граѓаните кои патуваат или живеат во погодените области и имаат близок контакт со луѓето од тие области се смета за умерен, а низок доколку контактот е избегнат. Вкупниот ризик за општата популација моментално се оценува како низок. Сепак, повеќе импортирани случаи најверојатно ќе бидат пријавени во земјите од Европа.

ИНФО: Facebook / Dragan Danilovski, Институт за јавно здравје

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25855 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.