Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 8 моќни комбинации на храна за подобро здравје

8 моќни комбинации на храна за подобро здравје

Правилното комбинирање на одредени производи претставува моќна заштита од многу болести, а и ќе го подобри вашиот изглед и вашата линија. Затоа, започнете да ги создавате оброците поумно, а не побрзо.

Здрава хранаПравилните комбинации на здравата храна носат уште поголеми бенефиции за здравјето

Еве кои комбинации треба да присуствуваат во вашата исхрана:

Зелен чај + Лимон = Поздраво срце и помал ризик од рак

Зелениот чај и лимонот се две супер намирници кои треба секојдневно да присуствуваат во нашата исхрана. Добрата вест е што кога се консумираат заедно, нивната моќ се зголемува.

Докажано е дека сокот од лимон води до зголемување на катехините присутни во зелениот чај, кои го намалуваат ризикот од срцеви болести и рак. Многумина цедат лимон во зелениот чај за да му го подобрат вкусот, а не знаат дека со таа постапка си прават уште едно добро – ја зголемуваат апсорпцијата на корисните антиоксиданси.

Зелен чај + Црн пипер = Потенка половина

Истражувањата покажале дека црниот пипер ја зголемува апсорпцијата на Epigallocatechingallate (EGCG) за 130%. EGCG е супстанција во зелениот чај која го забрзува согорувањето на калории.

Додајте половина кафена лажичка црн пипер во зелениот чај. Можеби нема да ви биде особено вкусно, но мора да признаете дека оваа комбинација е подобра опција отколку држењето строга диета.

Кајгана + Црвени пиперки = Помазна кожа

Црвените пиперки се одличен извор на витамин Ц, а истражувањата покажуваат дека жените кои консумираат повеќе витамин Ц имаат помалку брчки и поретко страдаат од сува кожа.

Едноставно додајте една исечкана пиперка во вашите јајца наутро и кожата ќе ви биде благодарна.

Домати + Брокули = Силна заштита од рак

И доматите и брокулите содржат антиканцерогени супстанции, но заедно нудат уште поголема заштита од рак.

Истражувачите откриле дека оваа комбинација го забавува растењето на туморите на простатата, но сè уште немаат објаснување зошто. „Знаеме дека правот од домати го забавува растењето на тумори. Знаеме дека и брокулите го прават истото. Но, ќе бидат потребни години за да дознаеме зошто“ – изјавил Џон Ердмен, професор на Универзитетот Илиноис, кој спроведува многу истражувања за ракот.

Домати + Маслиново масло = Цврста млада кожа и зголемен имунитет

Комбинацијата домати со маслиново масло е популарна затоа што е многу вкусна, но и многу здрава. Консумирањето на домати со маслиново масло ја подобрува структурата на кожата, ја зацврстува и го одржува нејзиниот младешки изглед.

Освен тоа, истражувачите тврдат дека маслиновото масло ја помага апсорпцијата на ликопен, моќен антиоксиданс кој го има во изобилство во готвените домати.

Житарки + Сончоглед = Подобар имунитет

Семките од сончоглед содржат α-токоферол, активна форма на витаминот Е, кој во улогата на антиоксиданс ги заштитува клетките од слободните радикали. Со други зборови, витаминот Е помага во заштитата од рак и срцеви болести.

Доволно е да ставите само половина шолја сончогледово семе во вашиот оброк со житарки за да ја внесете препорачаната дневна доза α-токоферол.

Овесна каша + Јагоди = Поздраво срце

Овесот содржи две многу важни фитохемикалии кои во комбинација со витаминот Ц од јагодите го намалуваат штетниот ефект на „лошиот“ (LDL) холестерол. Благодарение на тоа се намалува ризикот од појава на срцеви заболувања и ризикот од срцев удар.

Појадувајте овесна каша и во неа ставете свежи јагоди. Ако немате јагоди, ставете друго овошје богато со витамин Ц (на пример, боровинки).

Јаболка + Брусница = Заштита од глава до пети

Јаболката и брусницата се богати со антиоксиданси. Но, кога ќе ги споите заедно, добивате многу повеќе антиоксиданси отколку ако ги консумирате одделно.

Заедно со јаболкото, земете барем една шака сушена брусница за вашето тело да го искористи нивниот максимален ефект.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.