Почетна » Рецепти » Намирници » 20 алтернативни примени на маслиново масло

20 алтернативни примени на маслиново масло

Маслиновото масло е скапоцен дар од природата и задолжително треба да присуствува во секој дом. Освен за здраво готвење, тоа може да послужи и за многу други работи. Некои од нив можеби ги знаете и ги практикувате, а некои може и да ве изненадат.

Маслиново маслоПокрај готвењето, маслиновото масло има многу различни намени.

Здравје

  1. Осип од пелени. Нежно премачкајте го бебешкото газе со маслиново масло за да ја намалите иритацијата и црвенилото на кожата.
  2. Против кашлица. Измешајте 4 лажици сок од лимон со 1 чаша мед и половина чаша маслиново масло. Затоплете ја смесата и добро промешајте. Земајте по една лажица на 3-4 часа.
  3. Против запек. Маслиновото масло може да послужи и како лаксативно средство. Напијте се 1-2 лажици.

Убавина

Убава женаМаслиновото масло е одличен природен продукт за нега на кожата.
  1. За сува кожа. Маслиновото масло ја прави кожата мека. Употребувајте го на лактите, колената, петиците или пак ако имате испукани брадавици на градите.
  2. За ексфолијација на кожата. Измешајте маслиново масло со сол или шеќер и искористете го како пилинг за тело.
  3. За отстранување на шминка. Нанесете маслиново масло со памучен тампон под очите, на челото и на образите и потоа со чисто влажно марамче отстранете ја шминката.
  4. За омекнување на кутикулите. Пред да си правите маникир, потопете ги рацете во вода со маслиново масло или пак премачкајте ги рацете со масло и оставете ги премачкани 10-15 минути. Ем ќе можете полесно да ги отстраните кутикулите, ем кожата на рацете ќе остане мека и нежна.
  5. Природен балсам за усни. Измешајте еднакво количество маслиново масло и пчелен восок или мед. Додајте 1-2 капки етерично масло за убав мирис и ќе можете на природен начин да ги негувате испуканите усни.
  6. Наместо пена за бричење. Ако немате пена или гел за бричење, маслиновото масло може да ви послужи како природен навлажнувач на кожата. Кожата останува мазна и мека.
  7. За нега на коса. Нанесете маслиново масло врз целата ваша коса. Завиткајте ја во крпа која претходно била потопена во жешка вода и оставете го да делува 30 минути. Потоа убаво измијте ја косата со шампон.
  8. За разлетана коса. Нанесете неколку капки маслиново масло на дланките и поминете со прстите низ косата за да го спречите разлетувањето.

Практично за домот

  1. Гума за џвакање во косата. Сигурно кога сте биле мали ви се има случено да си залепите гума за џвакање во косата. Во таков случај повеќето луѓе отсекуваат прамен од косата. Но, маслото е одличен начин да ја извадите гумата за џвакање, без да не ви фали ниту едно влакно. Нанесете масло на прстите и тријте ја косата на проблематичното место.
  2. За нега на продукти од кожа. Премачкајте ги кожните чевли или ракавици со маслиново масло. Оставете го да делува 30 минути и потоа избришете го остатокот со нежна сува крпа.
  3. Заштита од восок. Имате убав држач за свеќа и сакате да го зачувате како нов? Премачкајте ја површината со маслиново масло и ќе го спречите восокот што капи да се залепи за него.
  4. Заштитете ја мачката. Кога мачките се лижат голем дел од влакната им се собираат на грлото. За да им помогнете, додајте ¼ лажичка маслиново масло во јадењето. Исто така, крзното ќе добие повеќе сјај, а може и да се намали или спречи митарењето.
  5. За заглавен патент. Искористете чепкалка за уши или памучен тампон за прецизно да нанесете масло на забите на патентот, без да ја допрете ткаенината. Патентот слободно ќе се движи нагоре-надолу.
  6. За заглавен прстен. Премачкајте го прстот со масло и масирајте. Вртете го прстенот сè додека не излезе.
  7. За безболно одлепување на фластер. Премачкајте го фластерот и местото непосредно околу него со масло, пред да го одлепувате. Така ќе го спречите болното кубење на влакненцата.
  8. Против чкрипење на вратите. Искористете крпа или памучен тампон за да нанесете маслиново масло на шарките на вратата во домот или вратата од автомобилот. Тоа ќе делува како подмачкувач.
  9. Заштита на лопата. Пред да го чистите снегот, премачкајте ја лопатата со масло. Така ќе го спречите лепењето на снегот за лопатата.

Совет

Иако поквалитетно, маслиновото масло сепак е неколку пати поскапо од сончогледовото, па за поголемиот дел од работите можете да користите обично масло за готвење.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11094 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.