Почетна » Убавина и мода » Тело » Ексфолијација за нежна и блескава кожа

Ексфолијација за нежна и блескава кожа

Ексфолијацијата е тајната за убава кожа. Таа ги отстранува мртвите клетки и ја остава кожата нежна, свежа и блескава. Пред да дознаете како можете да ја ексфолирате вашата кожа, потребно е да знаете зошто, на каков начин и колку често можете да го правите тоа.

Убава жена со ексфолирана кожаЕксфолијацијата е ефикасен начин да се ослободите од мртвите клетки и да го забрзате процесот на обновување на кожата.

Што претставува ексфолијацијата?

Нашето тело има природен механизам за да ја одржи кожата здрава и свежа. Старите клетки на кожата постојано умираат и на нивно место се појавуваат нови. Целиот овој циклус трае од 20 до 40 дена, во зависност од вашата возраст.

Ексфолијацијата е ефикасен начин да се ослободите од мртвите клетки и да го забрзате процесот на обновување на кожата. Со нејзина помош, новите здрави клетки побрзо доаѓаат до површината на кожата и тоа вам ви дава мека, нежна кожа и помлад изглед.

За вистински да ја освежите вашата кожа, потребно е да им посветите повеќе внимание на одредени места од телото како лактите, колената, стапалата, рацете и секаде каде што ќе забележите сува кожа. Но, не треба да триете силно. Ако вашата кожа стане црвена или воспалена, тоа е знак дека сте претерале.

Важно е да знаете колку често можете да практикувате ексфолијација, затоа што ако го правите тоа премногу често може да ја надразните кожата и таа да стане чувствителна. Прво потребно е да го знаете својот тип на кожа.

  • нормална здрава кожа – можете да ја ексфолирате два до три пати неделно;
  • сува кожа – треба да применувате ексфолијација на кожата три до четири пати неделно, затоа што се создава дебел слој на мртви клетки;
  • мрсна и чувствителна – еднаш, максимум два пати неделно. Во ова група спаѓаат луѓе кои страдаат од розацеа, акни, егзема.

Постојат два вида ексфолијација:

  1. Механичка – како што кажува и името, со оваа ексфолијација физички, со помош на триење, се отстрануваат мртвите клетки.
  2. Хемиска – се употребуваат продукти кои содржат состојки за ексфолијација како AHA и BHA овошни киселини (Alpha Hydroxy Acids и Beta Hydroxy Acids). Овие киселини создаваат длабок пилинг ефект и помагаат да се ослободите од мртвите клетки, без да употребувате физичко триење.

Ексфолијација во домашни услови

Денес постојат најразлични продукти за ексфолијација на кожата. Кога купувате од нив, треба да ги избирате оние кои што одговараат на вашиот тип на кожа. Но, домашната нега на кожата со природни состојки не е за занемарување и понекогаш е поефективна и побезбедна од негата со козметички продукти. Затоа ви предлагаме неколку начини на кои можете да ја ревитализирате вашата кожа.

Ексфолијација на лице

2-3 ч.л.овес издробен на ситни парчиња
¼ ч.л.јаболкова киселина
1 капкамасло од босилек или масло од чајно дрво
мед
  1. Измијте го лицето и исушете го со сува крпа.
  2. Нанесете ја смесата од горенаведените состојки и започнете да правите кружни движења. Внимавајте на областа околу очите.
  3. Масирајте околу 30 секунди и оставете ја смесата на лицето 15 минути.
  4. Измијте го лицето со млака вода и премачкајте го со хидратантен крем.

Како маска за ексфолијација можете да користите овошни плодови како банана, папаја, праска или киви. Употребете пире од еден или неколку видови плодови. Кон пирето додајте мед и ставете ја смесата на лицето за 10-15 минути. Измијте со ладна вода.

Ексфолијација на тело

Најчесто жените го ексфолираат своето лице, но не треба да ја заборавите и кожата на телото. Особено треба да им посветите внимание на областите на лактите, стапалата и колената, затоа што таму кожата е најсува.

ЕксфолирањеЗа механичка ексфолијација користете луфа, ракавица или сунѓер, а за погрубите места како стапалата – камен или турпија за пети.

За да дојдете лесно и брзо до мазна и мека кожа, едноставно измешајте девствено маслиново масло со шеќер. Таа смеса ќе ви послужи како пилинг за отстранување на мртвите клетки.

Наместо шеќер можете да употребите сол, но солта може да предизвика печење ако имате мали ранички на кожата. Многу е важно да не ја ексфолирате кожата ако сте изгорени од сонцето или ако имате рани.

За домашна ексфолијација можете да употребите и мелени бадеми или лешници и да ги измешате со маслиново масло.

Талогот од турско кафе може да биде одличен пилинг за тело или лице. Тој помага и во борбата против целулит.

За механичка ексфолијација користете луфа, ракавица или сунѓер, а за погрубите места како стапалата – камен или турпија за пети.

Кожата е огледало на вашето здравје. Негувајте ја и грижете се секогаш да изгледа свежо, нежно и блескаво.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.