Почетна » Рецепти » Намирници » Јагодите – здравје и искушение

Јагодите – здравје и искушение

Црвени, во срцевидна форма, украсени со мало зелено ливче. Неверојатно привлечни и исто толку вкусни. Јагодите се задоволство, здравје, љубов, убавина.

Убави јагодиЈагодите се сојузник на доброто здравје, убавата кожа и задоволството.

Јагодите и здравјето

Јагодите се не само вкусни, но и многу корисни. Тие се употребуваат за лекување на анемија, зајакнување на крвта, а исто така го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Содржат големо количество витамин Ц и железо. 100 грама јагоди ја покриваат потребната дневна доза за витамин Ц.

Јаготка

Поради фактот што јагодите содржат фолна киселина, тие го помагаат забременувањето и ја намалуваат депресијата. Докажано е дека јадењето на јагоди директно влијае и во заштитата од рак. Ова слатко овошје содржи и антиоксиданси, кои помагаат против стареење.

Јагодите помагаат за заздравување на непцата. Кога немате достап до паста за заби и четка, преполовете 2-3 јагоди и со нив протријте ги забите и непцата. Потоа исплакнете со вода.

При консумирањето на јагоди ризик постои ако тие се прскани со штетни пестициди. Затоа, најдобро е да купувате јагоди во кутија на која е посочен произведувачот. Исто така треба да се внимава да не се консумираат од луѓе кои имаат алергични реакции на нив. Ако не сте сигурни дали сте алергични на јагоди или не, посетете лекар за да направите соодветен тест.

Најдобрата вест е тоа што јагодите се нискокалорични, па затоа може да станат дел од вашата исхраната, без разлика дали сте на диета или не.

Јагодите во козметиката

Ретки се тие кои не ја сакаат аромата на јагоди. Милиони продукти низ светот, од балсами за усни до млека и кремови за тело, ја избираат нивната миризба. Се разбира, не е потребно да поседувате некој од нив за да ја почувствувате свежината на јагодите. Еве неколку предлози:

Јагодите во козметикатаЈаготките се одлични за вашето лице.
  • Ако имате уморена кожа, пресечете на половина 2-3 јагоди и со нив истријте ја кожата.
  • За мрсна кожа се препорачува да се направи смеса од 5 јагоди и 30ml јаболкова киселина. Таа треба да престои еден час. Потоа исцедете ја и со неа намачкајте го лицето. Оставете ја да дејствува една ноќ.
  • За мрсна кожа со проширени пори нанесете на лицето смеса од 1 ч.л. сок од јагода и една изматена белка од јајце.

Јагодите, љубовта и сексот

Јагодата е симбол на Венера – божицата на љубовта, поради срцевидната форма и црвената боја. Постои верување дека ако гризнете половина јагода, а другата половина ја изеде лице од спротивниот пол, за кратко време ќе се вљубите еден во друг.

Чоколадна јаготка

Последните истражувања покажуваат дека јагодите ја зголемуваат сексуалната активност кај мажите и плодноста кај жените. Причина за тоа е цинкот, кој се содржи во малите семки на јагодите. Тој го покачува нивото на тестостерон кај мажите, кое од своја страна води до зголемување на сексуалната активност.

Јагодите содржат и големо количество фолна киселина. Таа помага при забременување, ја намалува депресијата, ја подобрува работата на мозокот и го намалува ризикот од појава на срцеви болести. Една полна шака со јагоди содржи 100 пати повеќе фолна киселина од едно јаболко.

Изненадете го вашиот сакан со порција јагоди и пена. Тоа е доволно за едно неделно, романтично попладне во кревет.

Чоколадни јагоди (Видео)

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11159 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.