Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » 6 знаци дека диетата која сте ја избрале НЕ е добра за вас

6 знаци дека диетата која сте ја избрале НЕ е добра за вас

„Ослабете 5 килограми за 10 дена“, „Идеално тело без вежбање“, „Минус 4 килограми за три дена“... секојдневно сме бомбардирани со најразлични планови за исхрана кои ветуваат чудо без многу напор. Иако често звучат како вистинско решение во борбата со вишокот килограми, повеќето диети се или измама, или нудат краткотрајни резултати, или не му ги даваат на телото клучните хранливи материи кои ги нуди само балансираната исхрана.

Диета

Веројатно ќе се запрашате: „Но, како да препознам која диета е лоша ако не сум ја пробала?“ Постојат знаци кои ќе ви укажат дека диетата која размислувате да ја започнете не е правилна за вас. Кажете НЕ на секоја диета која:

1

Предвидува внесување на помалку од 1.200 калории дневно

Жените се наежуваат при спомнување на зборот калории, но без нив не се живее. Со цел да донесат брзи резултати, многу строги диети го ограничуваат бројот на дозволени калории, и тоа под минималната граница за жени.

Нутриционистите советуваат дека минималниот број на внесени дневни калории за жените е 1.200. Секоја диета што ги ограничува калориите повеќе од тоа е штетна и треба да ја отфрлите.

2

Истакнува „магичен“ производ

Можеби сте слушнале за диетата со грејпфрут, која посочува дека ова овошје содржи „магична“ супстанција што согорува масти. Или пак, за диетата со супа од зелка. Тие се добар пример за диети кои ќе ви помогнат да ослабете поголем број килограми за кратко време, но на нездрав начин, бидејќи се изградени околу еден тип на храна. Не постои супер-храна која може магично да ги „избрише“ долготрајните последици од честото прејадување или отсуството на физичка активност.

3

Звучи премногу добро за да е вистина

Навистина звучат примамливо пораките „10 килограми помалку за 2 недели“ или „Изгубете 3 килограми за 5 дена“, но звучат и премногу добро за да се вистина. Тие треба да ви бидат како црвено знаменце основно поради две причини. Прво, за да нудат големо слабеење, тие препорачуваат план за исхрана кој е штетен за здравјето. Се препорачува неделно да се слабее 0,5-1 килограм. И второ, по брзо слабеење, килограмите се враќаат со уште поголема брзина.

4

Не препорачува физичка активност

Вежбањето и здравите диети одат рака под рака. Редовната физичка активност е клуч за создавање здрав план за слабеење и помага за долгорочно контролирање на тежината. Доколку диетата забранува или не препорачува физичка активност, најверојатно таа предвидува внесување на мал број калории кои нема да ви ја даваат неопходната енергија за вежбање. Здравите диети препорачуваат физичка активност најмалку по 30 минути трипати неделно.

5

Забранува поголема група храна

Нема ништо лошо во тоа диетата да го ограничува внесувањето на одредена храна (пржени јадења, торти, чипс). Но, секоја диета која елиминира една или повеќе големи класи хранливи материи (најчесто јаглехидрати, масти или протеини) треба да биде избегнувана.

За мозокот и телото да функционираат оптимално, потребно е секојдневно да внесувате различни типови хранливи материи. Во спротивно, режимот на исхрана може да стане закана за вашето здравје. Вртоглавицата, главоболката и изнемоштеноста се најчестите странични ефекти од диетите кои не предвидуваат балансирана исхрана.

6

Препорачува драстични промени на вашите навики

Не можете навиките да ги промените преку ноќ, не ни треба да се стремите кон тоа. Диетите кои ве принудуваат да воведете драстични промени најчесто предизвикуваат фрустрации и со тоа ви ги зголемуваат шансите за неуспех.

Ако сте зафатени, тешко ќе можете да држите диета која препорачува прецизно мерење на намирниците, домашно приготвени оброци и/или броење калории. Дури и да издржите неколку дена на таква диета, сигурно наскоро ќе се откажете. Истото важи и за диети кои вклучуваат само храна која вам не ви е вкусна. Кога-тогаш диетата ќе ви дојде преку глава и ќе ја фрлите во вода.

Клучот кон долготрајното одржување на посакуваната тежина е режим на исхрана кој одговара на начинот на којшто живеете и кој ќе можете да го комбинирате со умерена физичка активност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9533 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.