Списанието People го избра Џонатан Бејли за Најсекси маж на светот за оваа година.
На 40-годишнината од легендарната титула Sexiest Man Alive, 37-годишниот актер ја имаше честа да се искачи на врвот на листата и сними заводлива фотосесија со своето кученце Бенсон.
Бејли откри дека единствено на Бенсон му ја имал доверено тајната пред големото објавување на 3 ноември.
„Многу мои пријатели ќе бидат лути што не сум им кажал“ – изјави тој низ смеа. „Но потоа ќе врескаат од радост. Тие ме гледаа како растам, и зад маската на ‘сексапилниот маж’ тие ја знаат и другата, вистинска страна од мене“ – додал тој.
Актерот, познат по улогата на лорд Ентони во серијата Bridgerton, признава дека сè уште се навикнува на славата.
„Еднаш, во 2020 година, радиото ми се вклучи со алармот и слушнав: ‘Пред вестите, ајде да зборуваме за Џонатан Бејли.’ Помислив: ‘Дали сонувам?’ Тоа беше лудо“ – рекол тој.
Во последните години, Бејли им ги освои срцата на публиката со улогата во „Fellow Travelers“ за која доби номинација за Еми, а потоа го видовме како Принц Фијеро во мјузиклот „Wicked“, како и во блокбастерот „Jurassic World: Rebirth“.
Роден и израснат во руралниот Оксфордшир, Бејли уште на пет години знаел дека сака да стане актер, а на само 8-годишна возраст го глумел Гаврош во „Les Misérables“.
„Ова е голема чест и навистина сум поласкан. Но, и малку апсурдно. Досега беше тајна... Едвај чекам да видам како ќе реагираат моите најблиски“ – вели тој.
Најсекси маж за минатата година беше Џон Кразински, а претходни носители на оваа титула се и Крис Еванс, Дејвид Бекам, Крис Хемсворт, Двејн Џонсон, Адам Левин, Ченинг Тејтум, Бредли Купер, Рајан Рејнолдс, Бред Пит, Џони Деп, Хју Џекман, Џон Леџенд, Пол Рад, Идрис Елба, Џорџ Клуни, Ричард Гир и Мајкл Б. Џордан.
		
