Почетна » Диети и фитнес » Популарни диети » Диета со супа од зелка

Диета со супа од зелка

Диетата со супа од зелка е седумдневна нискокалорична диета. Оваа диета е многу популарна, затоа што со неа килограмите се губат многу брзо (околу 5kg за 7 дена).

Зелка
Зелката помага за намалување на масните наслаги.

Како дејствува диетата?

Некои луѓе тврдат дека зелката има својство да согорува калории. За да ја почувствувате моќта на оваа диета, потребно е секој ден да јадете супа од зелка во комбинација со определена дополнителна храна. Супата содржи многу малку калории, а дополнителната храна е различна секој ден.

Оваа диета е супер избор за оние кои што постојано се чувствуваат гладни, затоа што не е ограничено количеството храна што го внесувате, т.е. јадете колку што сакате супа и од дозволените храни. Од пијалоците можете да консумирате чај без шеќер, кафе и вода.

Како да ја подготвите супата од зелка?

Потребни состојки:

  • 1 зелка;
  • 6 големи парчиња млад кромид или праз;
  • 2 пиперки;
  • доматен сок или неколку домати;
  • магдонос;
  • сол, црна пипер и кари по желба.

Начин на подготовка:

Исечкајте ги зеленчуците и ставете ги во тенџере. Полијте ги со вода. Додајте ги зачините и варете на силен оган 10 минути. Потоа варете ја супата на тивок оган додека не се сварат зеленчуците. Можете да користите и моркови.

Седумдневен план

1 ден: Освен супата од зелка, можете да јадете колку што сакате и какво што сакате овошје, со исклучок на бананите.

2 ден: Во вашето мени освен супата вклучете и зеленчуци (со исклучок на гравот, пченката и грашокот). Компирите се ограничени. Можете да изедете еден печен компир со малку путер.

3 ден: Супата од зелка комбинирајте ја со зеленчуци (со исклучок на компирите) и овошје (со исклучок на бананите).

4 ден: Освен супата од зелка, дозволено ви е да јадете максимум 8 банани и да пиете колку што сакате обезмаслено млеко.

5 ден: Вашиот глад можете да го заситите освен со супа и со 300-500g говедско месо приготвено на скара и 6 свежи домати. На овој ден испијте 8 чаши вода.

6 ден: Јадете супа од зелка, говедско месо, пилешко месо без кожа и зеленчуци (освен компири).

7 ден: Можете да јадете освен супата и кафеав ориз, зеленчуци (без компири) и да пиете колку што сакате 100% природен овошен сок.

Позитивни страни на диетата

Додека го следите овој начин на исхрана не чувствувате глад, затоа што можете да јадете колку што сакате од дозволените храни. Со оваа диета се прочистува организмот, брзо се губат килограмите и не се потребни многу средства за да се применува.

Откако ќе поминат 7 дена, продолжете да водите здрав и активен живот за да бидете во топ форма.

Негативни страни на диетата

Некои експерти тврдат дека со оваа диета се губи најмногу вода од телото, а не се согоруваат масти. Поради тоа килограмите лесно се враќаат.

Иако можете да јадете колку што сакате од дозволените храни, тие многу брзо ви стануваат одвратни. Додека ја држите диетата се чувствувате изморени и без енергија.

Оваа диета може да доведе до недостиг на некои витамини и минерали во телото, затоа внесувајте ги дополнително.

!

Внимание: Диетата со супа од зелка треба да се применува само 7 дена. Ако сакате да продолжите со неа, треба да направите пауза од минимум 2 недели, за да може телото да се опорави. Диетата не се препорачува за адолесценти и деца. Ако имате проблем со здравјето, консултирајте се со лекар пред да започнете да се придржувате кон овој режим на исхрана.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11104 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.