Почетна » Диети и фитнес » Популарни диети » Диета за љубителите на јаглехидрати

Диета за љубителите на јаглехидрати

Скоро секоја жена се обидува колку што е можно поретко да консумира леб или тестенини со цел да ја зачува својата витка линија. Тоа е така затоа што повеќето луѓе веруваат дека храната богата со јаглехидрати го помага трупањето на килограми.

Но, многу експерти сметаат дека тоа е застарено мислење и дека ако се направи вистинскиот избор на корисни јаглехидрати, тогаш тие можат да бидат одличен сојузник во слабеењето. Со помош на многу истражувања научниците покажале дека одредена храна којашто содржи јаглехидрати ги намалува масните клетки, го зголемува согорувањето на масти, ја зголемува мускулната маса, го продолжува периодот кога лицето се чувствува сито, го контролира шеќерот во крвта и го намалува холестеролот.

Што претставува оваа диета?

Диетата за љубителите на јаглехидрати не е диета којашто ќе ви дозволи да консумирате кифли и колачиња по цел ден. Тоа е диета којашто ќе ве поттикне да внесувате повеќе од т.н. отпорен скроб.

Банана шејкБананите се богат извор на отпорен скроб

Истражувањата покажале дека ако за појадок консумирате храна богата со отпорен скроб, тогаш телото ќе започне да согорува масти, ќе согорите за 25% повеќе калории во текот на денот, но и ќе изедете 10% помалку калории затоа што ќе се чувствувате сити подолго време.

Храната богата со отпорен скроб не е некоја специјална храна. Тоа е храна што ја среќаваме секојдневно – леб, житарици, компири и банани. Можете да консумирате овошје, брокули, краставици, мешунки, кикирики, стек, макарони, сирење.

Во идеален случај оваа диета треба да ја практикувате 28 дена. Во првата седмица вкупниот број на внесени калории во текот на еден ден треба да биде 1200 (разделени во 4 мали оброци), а во наредните денови 1600 (разделени во 5 мали оброци). Создателите на оваа диета тврдат дека во текот на првите три седмици се губат 3 килограми.

Основни правила на диетата се:

  • Секој оброк треба да вклучува барем еден продукт што содржи отпорен скроб.
  • Храната богата со отпорен скроб треба да биде 25% од целиот оброк.

Оброци за пример

  • Банана шејк
    Ставете во блендер банана, чаша и пол нискомаслено млеко, 2 чајни лажички мед и ½ чаша мраз.
  • Банана и овесна каша
    ½ чаша овесни снегулки прелијте ги со 1 чаша вода и загрејте ги во микробранова печка 3 минути. Потоа одгоре ставете им сечена банана, 1 супена лажица исечкани ореви и 1 чајна лажичка цимет.
  • Брз ручек
    3 овесни крекери, 1 тврдо варено јајце, 30g чедар сирење, 1 јаболко.
  • Ручек со туна или пилешко
    Една конзерва туна или пак 120g пилешко месо; една средна по големина круша.

Храна богата со отпорен скроб

Експертите препорачуваат дневно да се внесува до 10-15 грама отпорен скроб. Еве кои храни ќе ви помогнат да ја постигнете таа цел:

  • Банана
    Количина: средно голема банана
    Отпорен скроб: 4,7 грама
  • Кафеав ориз, варен
    Количина: ½ чаша
    Отпорен скроб: 1,7 грама
  • Компир, варен
    Количина: 1 среден компир
    Отпорен скроб: 3,2 грама
  • Леќа, варена
    Количина: ½ чаша
    Отпорен скроб: 3,4 грама
  • Бел грав, варен
    Количина: ½ чаша
    Отпорен скроб: 3,8 грама
  • Овесни снегулки, неварени
    Количина: ½ чаша
    Отпорен скроб: 4,6 грама

Што велат експертите за оваа диета?

Оваа диета се базира на принципот на којшто се базираат многу други диети – намалување на бројот на внесени калории до 1200-1600 за да има брзи резултати и исфрлање на нездравата храна од секојдневната исхрана. Но, потврдуваат дека со оваа диета се поттикнува внесувањето на здрава храна и дека тоа е голем плус.

Во текот на првата седмица лицата кои ја практикуваат оваа диета може да чувствуваат недостиг на енергија затоа што е мал бројот на дозволени калории. Експертите предупредуваат дека во такви услови е тешко да се практикува физичка активност и дека тоа е минус на оваа диета.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11586 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.