Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » Како да го контролирате апетитот?

Како да го контролирате апетитот?

Најголем непријател на убавата фигура е неконтролираниот апетит. За жал, тој многу често се активира, поради стрес или кога на видик е нашата омилена храна, па носи лоши последици – прејадување, зголемување на телесната тежина, дебелеење.

И сигурно ќе се запрашате: има ли начин за контролирање и намалување на апетитот? Одговорот е да. Постојат различни вештачки производи за слабеење кои го убиваат апетитот, но постојат и неколку трикови кои на природен начин можат да ви го намалат чувството за глад.

Жена што јадеЖена што јадеМал изборПаста и четкаЖена што јадеЖена и чаша водаЖена и грејпфрутЖена што јаде јаблолкоЈатксти плодовиЖена и салатаСупаЖена што спиеЖена што вежба

Мамете го мозокот

Постојат мали трикови кои ќе ви помогнат да го измамите мозокот и со тоа да го контролирате апетитот.

  • Служете ги вашите оброци во помали чинии. Истата количина храна во поголема чинија ќе изгледа како да е помалку, а во помала како да е повеќе.
  • Не оставајте храна околу вас. Кога нејзината миризба ќе допре до вас, потоа е многу тешко да ѝ одолеете.
  • Прскајте се со убав парфем или чувајте запалена ароматизирана свеќа. Интересните миризби ги оттргнуваат мислите од храна.

Хранете се во добро осветлена соба

Ова е одличен трик за контрола на апетитот. Истражувањата покажуваат дека кога луѓето се хранат во добро осветлена просторија, консумираат помалку калории. Во таков случај луѓето се свесни за внесената храна и чувствуваат дека другите можат да ги видат, па го држат апетитот под контрола.

Ограничете го својот избор

Ако имате поголем избор, ќе имате и поголем апетит. Не вклучувајте многу различни јадења во еден оброк. Освен супата и салатата, сè друго може да ви донесе само дополнителни калории.

Исто така, колку повеќе грицки имате во домот, толку повеќе ќе се искушувате да ги консумирате. Дури и да се обидувате да ги избегнете, вашите мисли постојано ќе ви бидат насочени таму, а со тоа и ќе ви се отвори поголем апетит.

Ограничете го изборот за да го ставите апетитот под контрола.

Ментол за помал апетит

Ментолот помага за намалување на апетитот. Секогаш кога ќе се чувствувате гладни, а сметате дека не треба да јадете, сè што треба да направите е да си ги измиете забите. Дури и тоа да не ви помогне и да продолжите да јадете, храната нема да ви биде толку вкусна и брзо ќе прекинете да ја консумирате.

Најдобро е да користите паста за заби со вкус на ментол. Силниот вкус на ментол веднаш ќе ви го намали апетитот.

Избирајте храна богата со растителни влакна и протеини

Растителните влакна апсорбираат вода и со тоа го зголемуваат местото кое го заземаат во стомакот, па ќе ви остане помалку место за друга храна.

На телото му е потребно подолго време да ја свари храната богата со протеини, па поради тоа подолго време се чувствувате сити.

Заситете се со вода

Многу експерти сметаат дека мозокот понекогаш ја меша дехидратацијата со глад. Затоа, кога мислите дека сте гладни, напијте се 1-2 чаши вода. Или чувството на глад ќе ви се намали или целосно ќе исчезне.

Консумирањето на вода пред и за време на оброк помага да се внесуваат и малку калории.

Еден портокал или грејпфрут дневно

Нискокалоричните растенија кои содржат растворливи растителни влакна, како портокалот и грејпфрутот, помагаат да се создаде чувство на ситост и го одржуваат нивото на шеќер во крвта. Тоа значи дека ќе имате поголема контрола на апетитот.

Истражувањата покажуваат дека меѓу најпопуларните зеленчуци и овошни плодови, портокалот и грејпфрутот содржат најмногу растителни влакна.

Не ги заборавајте јаболката

Јаболката се одлична храна и се достапни во текот на целата година, а плус и влијаат врз нашиот апетит. Истражување во Бразил покажало дека жените кои јадат по 3 мали јаболка дневно, како дел од здрава исхрана, губат значително повеќе телесна тежина, отколку жените кои не консумираат јаболка.

Јаболката содржат растителни влакна и за нив е потребно повеќе време за џвакање, па со тоа му се дава на телото повеќе време да регистрира дека е заситено и се намалуваат шансите за прејадување.

Консумирајте јаткасти плодови како ужина

Јаткастите плодови содржат многу протеини и растителни влакна. Една шака полна со ореви, бадеми или ф’стаци ќе ви го намали чувството на глад во периодот помеѓу оброците. Овие здрави грицки се богати со витамини и минерали, па воопшто не е лоша идеја да ги консумирате редовно.

Но, треба да внимавате да не претерувате. Сè што е повеќе од една шака, нема да има позитивно влијание врз вашата линија, затоа што јаткастите плодови содржат и многу масти.

Заситете се со салата

Салатата е најздравиот начин да си го намалите апетитот. Консумирањето на свежи зеленчуци создава чувство на ситост и за време на оброкот ќе консумирате помалку калории. Едно истражување покажало дека кога луѓето јадат салата што содржи 100 калории (3 чаши зеленчук), за време на оброкот консумираат 12% помалку калории.

Најдобри зеленчуци се: марула, моркови, домати, целер, краставица и брокули. Тие се нискокалорични зеленчуци, кои можат да ви помогнат да го скротите неконтролираниот апетит.

Наполнете се со супа

Мала порција супа може да направи многу за вашата линија. Консумирањето на супа пред главниот оброк ќе ви го намали чувството дека имате празен стомак, па ќе бидете склони побрзо да завршите со јадењето.

Основна причина за тој ефект е водата, која што го полни вашиот стомак.

Но, внимавајте на видот на супата. Заборавете ги крем супите и избирајте бистри супи, затоа што содржат помалку калории.

Спијте доволно

Многу истражувања ја покажуваат врската помеѓу сонот и телесната тежина, поточно меѓу сонот и апетитот. Недостатокот на добар сон го нарушува балансот на хормоните грелин (кој го зголемува апетитот) и лептин (кој го намалува апетитот).

Кога не спиеме доволно, нивото на грелин се зголемува, а на лептин се намалува, па апетитот ни е поголем и се храниме неконтролирано.

Затоа, осигурете си најмалку 7 часа мирен и длабок сон. Освен вашиот мозок, ќе ви благодари и вашата линија.

Практикувајте аеробик вежби

Многу луѓе знаат дека вежбањето е еден од најдобрите начини за контролирање на апетитот. Кога вежбате, вашето тело и ум се преокупирани со тоа и не ви се раѓа чувството на глад. Но, многу е важно и какви вежби ќе практикувате.

Истражувањата покажуваат дека ако сакате да го контролирате апетитот, аеробик вежбите се многу подобри од вежбите со отпор и тежина.

Освен аеробик вежбите, трчањето и скокањето на јаже се ефективен начин за моментално намалување на апетитот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.