Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » 7 лесни начини за намалување на калориите во исхраната

7 лесни начини за намалување на калориите во исхраната

Многу ретки се жените кои што можат да се пофалат со идеална линија и кои никогаш не се судриле со проблемот прекумерна тежина. Од друга страна, мнозинството секојдневно се обидуваат да најдат соодветна диета која би им донела брзо и ефективно слабеење.

Целиот тој процес на избирање на диета и придржување кон неа знае да биде многу комплициран и често не ги носи посакуваните резултати. Кога ќе размислите подобро, ќе заклучите дека калориите се главниот фактор кој влијае врз телесната тежина.

калорииЗа да ослабите половина килограм, треба да согорите или да го избегнете внесувањето на 3500 калории.

Калориите и килограмите

Добро познатото правило вели дека за да слабеете, потребно е да внесувате помалку калории отколку што трошите. Уште поконкретно, 3500 калории се еднакви на половина килограм телесна тежина, т.е. треба да согорите 3500 калории за да ослабите со ½ килограм.

Другиот најпознат совет на експертите е дека здравото слабеење е во границите на 0,5-1 килограм неделно. Претставено преку калории, тоа би значело дека за да успеете за една недела да ослабите ½ килограм, секој ден треба или да го намалите бројот на внесени калории за 500 или да согорувате дополнителни 500 калории. Ако се стремите кон слабеење со 1 килограм неделно, треба да го намалите вносот за 1000 калории дневно.

Внимавајте!

Минималниот број на дневно внесени калории за жени не смее да биде под 1200.

Намалувањето на калориите може да го направите на два начини: преку исхраната и преку физичка активност. Најдобро е да се прави комбинација. Направете мали промени во начинот на исхрана кои ќе ви помогнат да ја намалите дневната консумација за 250 калории и практикувајте физичка активност што ќе ви донесе согорување на дополнителни 250 калории.

Ако сакате да пресметате колку точно калории треба да внесувате за да го остварите вашиот план, имајќи ја притоа во предвид вашата висина, тежина, возраст и физичка активност, искористете го нашиот калкулатор за дневни потреби на калории.

Како да консумирате помалку калории?

Слабеењето може да биде многу едноставно и да не одзема многу од вашата енергија. Едноставно треба да најдете начини да ја намалите консумацијата на калории, без тоа да ви создава чувство дека се лишувате од нешто.

Се разбира, резултатите нема да бидат видливи за неколку дена, но откако ќе ги намалите килограмите на ваков начин, многу потешко ќе си ги вратите и со тоа ќе го избегнете јо-јо ефектот што го имаат диетите.

Еве неколку едноставни начини да го намалите бројот на калории што секојдневно ги внесувате:

  1. Изберете портокал наместо џус. Една чаша свеж сок од портокал содржи околу 110 калории. Од друга страна, еден портокал со средна големина содржи 80 калории. Моментално намалувате 30 калории.
  2. Наместо 2 цели јајца, изберете 4 белки. Едно тврдо варено јајце со средна големина има околу 70 калории. Белката од јајцето има само 17. Ако изберете за појадок 4 белки наместо 2 цели јајца, ќе ги намалите внесените калории за 70.
  3. Заменете го кафето со зелен чај. Зелениот чај содржи кофеин, па ако сте обожавател на кафето, добра и здрава замена за него е зелениот чај. Кафето крие многу повеќе калории од чајот, особено ако го пиете со шеќер и млеко. Едно мало пакетче Нескафе 3 во 1 има 75 калории, Нескафе 2 во 1 има 46 калории, а една чаша зелен чај (без шеќер) има само 2 калории! Плус тоа, јапонските научници тврдат дека консумирањето 5 чаши зелен чај дневно може да согори дополнителни 70-80 калории.
  4. Користете сенф наместо мајонез. Сигурно знаете дека мајонезот е покалоричен од сенфот, но можеби ќе ве изненади колкава е разликата во калориите. Една лажица мајонез (Hellmann’s) содржи 90 калории, а една лажица сенф околу 5 калории. Соодветно, ако намачкате две парчиња леб со сенф наместо со мајонез, ќе успеете да скратите дури 170 калории.
  5. Изберете 1 чаша вино наместо 2 пива. Алкохолот е многу калоричен, па дури и да внимавате на исхраната, може непотребно да си го уништите трудот ако консумирате алкохол. Сепак, за да не се делите од друштвото, треба да знаете да правите паметен избор кога сте излезени. Едно мало шише пиво содржи околу 155 калории, а една чаша суво бело вино околу 115 калории. Секоја втора пијачка заменувајте ја со обична минерална или газирана вода.
  6. Заменете ги газираните сокови со газирана вода. Особено треба да сте внимателни со т.н. течни калории. Газираните сокови докажано се штетни за здравјето, но многу е тешко луѓето да се одвикнат од нив. Освен за здравјето, тие се штетни и за вашата фигура. Една чаша Кока-кола содржи 103 калории, а природната газирана минерална вода не содржи калории.
  7. Јадете супа пред главното јадење. Супата го полни стомакот и значително го намалува чувството за глад. Истражувањата покажале дека ако започнете со супа, од главното јадење ќе внесете околу 290 калории помалку.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10600 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.