Синтија Никсон стапи во брак со долгогодишната партнерка Кристин Маринони. 46-годишната ѕвезда од „Сексот и градот“ и нејзината 45-годишна партнерка се заедно осум години и имаат едно дете.
На огромна радост на многуте обожаватели на 18-годишната Барбара Палвин, Victoria’s Secret ја продолжи соработката со неа. Погледнете ги фотографиите и сигурно ќе се согласите дека тие се совршена комбинација на сензуална долна облека и префинет сексапил.
Прекршувајќи ја традицијата секогаш на корицата да има женско лице, уредничките на британското „Elle“ за првпат целосно му ја дадоа насловната страна на маж. На насловната на јулското издание на списанието позира Дејвид Бекам. Погледнете ги фотографиите.
Џастин Бибер и Селена Гомез се најдоа во центарот на непосакуван скандал. Додека популарниот пар излегувал од кино, околу нив се насобрала група папараци. 18-годишниот пејач ги изгубил нервите и наводно нападнал еден од фотографите кој премногу им се доближил. Прочитајте повеќе.
Песната „Marry You“ од Бруно Марс инспирира многу запросувања, но креативниот предлог за брак на Исак Лемб е можеби најдобриот со оваа „свадбена химна“. Погледнете го видеото.
Бијонсе се врати во форма. 30-годишната пејачка со спектакуларен концерт се врати на музичката сцена помалку од 5 месеци по породувањето. Погледнете дел од нејзиниот долгонајавуван концерт во Атлантик Сити.
Талентираната Лорин убедливо победи на Евровизија 2012. Шведската пејачка освои вкупно 372 поени. Веднаш зад неа застанаа руските бабички, а третото место му припадна на Жељко Јоксимовиќ. Калиопи доби 71 поен и ѝ го донесе на Македонија 12-тото место.
„Македонијо, те сакам!“ – со овие зборови Калиопи го заврши настапот на евровизиското финале. Калиопи ја повтори беспрекорната изведба од полуфиналната вечер и со својот моќен врисок уште еднаш потсети дека поседува гласовни способности за кои ѝ завидуваат многу пејачи. Погледнете го настапот.
Во едно од видеата за промоција на филмот „Katy Perry: Part Of Me“, Кети Пери го покажува својот природен изглед зад сцената, без откачени фризури и слоеви колоритна шминка. Погледнете го видеото тука.
За различни расположенија и makeup комбинации, dm марката trend !t up ја нуди N°1 Express Volumen Mascara во сина, кафеава и црна боја, како и во водоотпорна црна варијанта.