• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

„Ангелу мој“: Иван Милевски од „Ѕвездите на Гранд“ ѝ посвети песна на сопругата Сара со снимка од првиот свадбен танц

6 ноември 2026, 08:54
  • cподели

Иван Милевски ја претвори љубовта кон сопругата Сара во песна. 

Македонскиот пејач, кој публиката го запозна преку музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, објави нова песна со наслов „Ангелу мој“, посветена на жената со која неодамна стапи во брак.

Заедно со песната, Иван сподели и автентична снимка од нивниот прв свадбен танц.

„Ова е мојата искрена емоција претворена во песна, за мојата Сара. Наша приказна, нашиот прв танц. Снимката е директно од нашата свадба, онака искрено, без никакви преснимувања“ – напиша пејачот.

Во емотивните стихови Иван ја опишува љубовта кон Сара, но и желбата нивната семејна приказна еден ден да ја збогатат со дете.

„Те држам сега во бело
срцево мое е цело
уште една желба имам
како мајка да те видам“ – пее тој.

Иван и Сара направија гламурозна свадбена прослава, а меѓу музичките гости беше и Влатко Лозаноски. По свадбената веселба, младенците отпатуваа на Сејшелите на меден месец.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 𝗜𝗩𝗔𝗡 𝗠𝗜𝗟𝗘𝗩𝗦𝗞𝗜 (@milevskivan)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 𝗜𝗩𝗔𝗡 𝗠𝗜𝗟𝗘𝗩𝗦𝗞𝗜 (@milevskivan)

Љубовната приказна на парот доби ново поглавје кога тој ја запроси на романтичен начин на Малдиви.

Tags
Иван Милевски

Најнови

  • „Ангелу мој“: Иван Милевски од „Ѕвездите на Гранд“ ѝ посвети песна на сопругата Сара со снимка од првиот свадбен танц

    Fri, 11/06/2026 - 08:54
  • „Трчај тато! Како мама да те гоне кога е љута!“: Девојче со хит транспарент на „Струмица на улица“

    Fri, 11/06/2026 - 08:40
  • Дац и Александар

    Дац и Александар во кабаре-приказна со Славе Димитров: Нов спот за „Ѕма Ѕма Ѕм“ со Маја и Билјана

    Thu, 11/05/2026 - 19:57
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.