Торта на 7 ката, им пееше и Лозано... Иван Милевски од „Ѕвездите на Гранд“ направи гламурозна свадба со убавата Сара
Иван Милевски направи свадбена прослава за паметење со својата избраничка Сара.
Македонскиот пејач, кој публиката го запозна како еден од највпечатливите натпреварувачи во „Ѕвездите на Гранд“, сподели видеа и фотографии од свадбата.
Убавата невеста блескаше во раскошна венчаница со корсет, а големо внимание привлекуваше и тортата на 7 ката.
На прославата присуствуваа бројни роднини, пријатели и колеги, а покрај Иван, запеа и Влатко Лозаноски.
Сара, која е активна на TikTok, објави и кратки видеа преку кои им овозможи на следбениците да ѕирнат во незаборавната вечер.
Љубовната приказна на Иван и Сара доби ново поглавје минатата година, кога тој ја запроси својата сакана на романтичните Малдиви.
Иако граѓанскиот брак го склучија уште во јануари, кога Иван беше дел од актуелната сезона на музичкото шоу, големата свадбена веселба ја оставија за летниот период.