Поминаа шест месеци од тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница, во која животот го загубија четири лица, меѓу кои и 20-годишниот Петар Миланов.
По овој повод, неговата мајка, Викторија Миланова, се огласи на социјалните мрежи со кратка, но емотивна порака, во која ја изрази неизмерната болка по загубата на својот син.