Многу солзи и инјекции: Исидора, сопругата на Марио од 2Bona, со брутално искрено видео за макотрпниот пат до замрзнување ембриони
Исидора Јелиќ сподели емотивно видео на социјалните мрежи во кое за првпат ги откри интимните моменти од процесот на замрзнување ембриони.
Сопругата на музичарот Марио Јелиќ-Кун од дуото 2Bona ги документираше макотрпните денови исполнети со секојдневно боцкање инјекции од страна на нејзината мајка гинеколог, солзи, неизвесност...
Во видеото се прикажани и заеднички моменти со Кун кој ѝ е најголема поддршка, и на крајот во фокусот доаѓа рамка на ѕид во која има фотографии од трите успешно смрзнати емброни.
„Нашиот пат со замрзнување ембриони...
Едно од најбрутално искрените видеа што ќе ги ставам на оваа или било која платформа, за кое сѐ уште не сум сигурна дали сум спремна да се 'разголам' на овој начин и кое ја опишува мојата најдлабока болка и успех во исто време!
Нешто што ми помогна да пронајдам свемирска сила во себе!
Период во кој не би беше битно дали сум надуена како топка, лицето ми е лом и сите останати side effects, туку само да дојдеме до крајот на ова патување каде што знаев дека ме чека еден благослов и доказ колку храброст, посветеност и сила има во една жена.
Едвај го чекам следниот чекор, едвај чекам да видам што следи!
За сите жени и девојки кои проаѓаат низ ситуација која им прави болка или несигурност, колку и да е клише, не сте сами, можете све и ова се само ситуации за кои има решение!“ - напиша во описот девојката која е родена без матка и не може да износи свои деца.
Исидора отворено зборуваше за својата здравствена состојба и во подкастот на Лазаров. Таа има Мајер-Рокитански-Кустер-Хаузеров синдром (тип 1) – ретка вродена состојба при која матката не се развива соодветно, додека јајниците функционираат нормално. Поради тоа, не може да износи бременост, но постои можност да добие биолошки деца со помош на сурогат-мајка.
За дијагнозата дознала на 16-годишна возраст, кога со мајка ѝ и тетка ѝ отпатувала во Лондон за преглед во специјализирана клиника. Нејзината мајка, која и самата е гинеколог, знаела за состојбата неколку години претходно, но одлучила да не ѝ соопшти додека Исидора била помала, обидувајќи се да ја заштити.
„Е сега, не го памтев овој момент, но мајка ми ми кажа дека почнале да ми течат солзи. Памтам дека ми се сруши светот, дефинитивно... И тетка ми ми има кажано дека кога сме излегле од ординација, јас сум била во шок, а мајка ми била остарена десет години.“ – раскажа таа во подкастот.
Марио бил запознаен со нејзината состојба уште од почетокот на врската. Тој претходно јавно зборуваше за нивната заедничка желба да имаат деца, истакнувајќи дека би останал со Исидора и доколку не можат да станат родители.