„Тешко е, ама одам напред“: Бремената Софија Манчева се потсети на сообраќајната несреќа која ѝ го промени животот
Софија Манчева се отвори за животните искушенија, тешките моменти и силата која ја пронашла за да продолжи напред.
Пред 6 години, животот целосно ѝ се променил по страшна сообраќајна несреќа во која се здобила со скршеница на бутната коска и морала да биде оперирана истиот ден.
Тогаш ѝ била вградена шипка во ногата, а пред неа претстоел долг процес на закрепнување. Како фитнес тренер и љубител на физичката активност, Софија се соочила со голем предизвик повторно да ја изгради физичката сила и да се врати во форма.
На годишнината од несреќата, бремената фитнес инструкторка се потсети на тој момент:
Вчерашниот ден е секоја година посебен за мене.
Втор роденден и ден кога повеќе од било кога се потсетувам колку треба да сум благодарна за се…
Иако таа сообраќајка ми го промени животот, правецот на постоењe и во еден момент беше едно од моите “најстрашни” и предизвикувачки периоди, оваа година живтотот ми ја фрли најголемата тага и болка што ја имам доживеано, а истовремено и најголемата среќа и благослов.
И се повеќе станувам свесна дека животот е тоа.
Не сме тука да уживаме, да ни биде комфорно и да доживуваме само среќни моменти. Тоа е илузија.
Тука сме да страдаме, да се бориме со искушенија, да поминуваме низ тешки моменти но и покрај се да имаме голема верба и да продолжиме напред и да ја наоѓаме убавината во малите нешта.Поголема свесност за себе, за начинот на којшто одлучувам да се разбудам, да дишам, да јадам, да се движам, да комуницирам, ДА ПОСТОЈАМ….
Затоа што се додека сме тука нашата приказна не е завршена.
А за жал или среќа, не сме ние тие коишто го одлучуваме тоа.Тешко е, ама одам напред.
You got this. 🫀
Во деновите по несреќата, Софија зборуваше за траумата, промените во расположението и тешкотиите со кои се соочувала, но и за огромната поддршка од семејството и најблиските. Таа не сакала да го крие процесот низ кој минувала и одлучила да го сподели со своите следбеници, за заедно со нив да го документира враќањето на тренинзите.
Друштво, не сум среќна што ви споделувам ваква вест, ама нели, не сме тука само за убавите моменти.
Животот се случува.
На 14.11 бев дел од страшна сообраќајна несреќа. Иако не сум спремна да споделувам никакви детали околу тоа, сакав да слушнете од мене, затоа што веќе слушнав милион муабети и различни приказни.
💪🏽Јас сум веќе добра, се стабилизирам и ментално и физички, поминав со скршеница на бутната коска и имав операција уште истиот ден, со тоа што ми ставија шипка во ногата. 🦿⠀
Засега е се одлично, утре си одам дома па ќе ми биде полесно и да пишувам.Пред мене има процес, ама заради физичката активност сите (вклучувајќи ги и моите доктори ❤️) сме со проценка дека брзо ќе се вратам 🥰
Ќе продолжиме таму кај што застанавме. Ова е само продолжение на една убава и посебна приказна.
Моментално ќе си земам пауза од сите обврски и ќе ставам се на стоп за да можам да се посветам на себе и на мојот опоравок.
Ќе дадам се од себе, прво за мене и за се што правев, а потоа за сите оние луѓе што се до мене моментално и се грижат , а и за сите оние што веруваат во мене и ме поддржуваат❤️❤️❤️ ⠀
Се молам и благодарам секоја секунда од тој ден - стои во нејзината објава.