• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Таско за загубата на првото бебенце, љубовта со Таша и пријателството со Панчо од ДНК: „Тој знаеше да боксува со моите демони“

23 ноември 2026, 12:18
  • cподели

Христијан Тасковски – Таско беше најновиот гостин во емисијата „Полиграф“ со Стефонатор во која јавните личности одговараат на прашања додека се поврзани на вистински полиграф.

Македонскиот музичар зборуваше за кариерата, за приватниот семеен живот, како и за пријателството со Панчо од ДНК.

Таско призна дека на почетокот неговите родители не ја одобрувале врската со неговата сопруга Наташа, најмногу поради нејзиниот изглед и тетоважите, но потоа ја прифатиле и денес се во одлични односи и имаат поддршка од родителите.

„Да, како што гледаш денес. Наташа ми е жена и имаме две прекрасни деца. Функционираме поубаво од било кога“  - изјави тој.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tasha Ray (@tasha_ray_)

Таско и Таша заедно имаат две деца, но првото бебенце го загубиле во бременоста.

На прашањето, дали тој момент е оној кој најмногу ја зацврстил неговата љубов кон Наташа, тој одговори: 

„Да, дефинитивно. Затоа што сфатив дека конечно во мојот живот имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене и ќе се бори до крај за сите работи. И тоа го гледам и сега, кога се грижи за децата, кога се грижи за мене, кога се грижи за хармонијата во домот. Затоа што жената ја носи светлината во домот. Ако имаш правилна жена покрај себе можеш многу работи да направиш. И мислам дека и кај жените е исто, кога жената го има правилниот маж покрај нејзе, може и она многу да направи, дупло повеќе може да направи. И гледам по односот на децата спрема нејзе, дека е на правиот пат. Иако знаеме да бидеме тешки како родители сами на себе, тоа што децата го кажуваат не лажат.“

На прашањето од Стефан „Дали нивното раѓање те натера да се откажеш од некои навики за кои претходно мислеше дека никогаш нема да ги промениш?“, Таско одговори потврдно, а потоа дополни:

„Имав проблеми.... да речам некои забавни моменти со алкохолот и со некои други работи. Кои тогаш мислев дека се забавни. Од оваа гледна точка, сум живеел во константен пекол и loop од којшто стварно мислев дека нема да излезам никогаш.

Но, фала му на Господ и на сите до мене, сега веќе скоро две години сум стрејт“ – објасни тој, додавајќи и дека смета дека е добар татко.

Во разговорот, Таско се наврати и на пријателството со Панчо од ДНК, човекот кој му бил огромна поддршка во најтешките моменти и чиј лик го истетовира на своето тело.

Тој откри што би сакал да му каже уште еднаш, иако знае дека таа можност повеќе нема да ја има.

„Сакам да му кажам фала за многу работи. За многу работи за коишто стварно луѓе коишто не беа до мене, тој беше тука до мене, буквално и затоа што знаеше да боксува со моите демони, кога никој околу не знаеше да боксува со моите демони. Беше тука да ми даде совет, од една страна за музика, од друга страна за индустријата, да ме заштити од луѓето коишто сакаа да ми наштетат. И кога ми се роди син, ми ги даваше најдобрите совети што можеше да ми ги даде како брат и брат. Јас сум му кажал многупати фала, ама би сакал да му кажам за последен пат, ако имам шанса некогаш да му кажам, но тоа нема да се случи“

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by POLIGRAF (@poligrafmk)

Видео од целата епизода:

Tags
Христијан Тасковски

Најнови

  • „Тешко е, ама одам напред“: Бремената Софија Манчева се потсети на сообраќајната несреќа која ѝ го промени животот

    Mon, 11/23/2026 - 12:25
  • Таско за загубата на првото бебенце, љубовта со Таша и пријателството со Панчо од ДНК: „Тој знаеше да боксува со моите демони“

    Mon, 11/23/2026 - 12:18
  • Реплек

    Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување

    Mon, 11/23/2026 - 11:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.