• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„6 најтешки месеци без тебе мајкин“: Емотивна објава на мајката на Петар кој загина во сообраќајка кај скопската обиколница

24 ноември 2026, 08:54
  • cподели

Изминаа шест месеци од тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница, во која животот го загубија четири лица, меѓу кои и 20-годишниот Петар Миланов. 

Потсетувајќи се на трагедијата, неговата мајка Викторија Миланова се огласи на социјалните мрежи со кратка и емотивна порака, во која ја изрази неизмерната болка по загубата на својот син.

„6 најтешки месеци без тебе мајкин❤️🕊❤️“ - напиша неутешната мајка и сподели колаж со фотографии од никогаш непрежалениот син.

Миланова често на социјалните мрежи ја споделува тагата за синот, за кого вели дека бил прекрасно момче. Непосредно по несреќата, мајката објави потресна посвета до Петар, во која се потсети на љубовта, среќата и гордоста коишто ѝ ги носел, но и на тешкотијата да го прифати животот без него.

„Мајкин мој, најубав мој, најсакан мој, ти ми беше мојата прва среќа, прва љубов, најголема. 💖 Беше најдобриот син што може една мајка да посака и секогаш ме правеше горда мајка. Господ прерано ми те зеде, мајкин. 😢 Болката е преголема. 😢

Нека ми те чуваат ангелите, мајка. Премногу е тешко да го замислам животот без тебе, мајкин. 😢 Те сакам најмногу и ќе те сакам најмногу засекогаш, мајкин мој. 💖

Почивај ми во мир, мајкино дете мое. 💖😢🙏🕊️🖤😢😢😢“ - напиша тогаш таа.

Во тешката сообраќајна несреќа, која се случи во мај годинава на скопската обиколница, загинаа четири лица: 20-годишните момчиња Петар Миланов, Марко Ѓорѓиевски и Адам Велков, како и таткото на Адам, познатиот оперски баритон Ристе Велков.

Според информациите објавени по трагедијата, 76-годишен возач од Косово, управувајќи товарно возило, ја пробил заштитната ограда и навлегол во спротивната коловозна лента, директно судирајќи се со автомобилот во кој се наоѓале четворицата загинати.

Од силниот судир избувнал пожар, а последиците биле фатални за сите патници во возилото. 

Tags
сообраќајна несреќа

Најнови

  • „6 најтешки месеци без тебе мајкин“: Емотивна објава на мајката на Петар кој загина во сообраќајка кај скопската обиколница

    Tue, 11/24/2026 - 08:54
  • Џина Папас Џокси, Мики Јовановски Џафер и Дарио Панковски

    „Тројца чувари на македонската музика“: Џокси, Дарио и Џафер ги здружија гласовите во „Љубовта е“ по повод голем јубилеј

    Mon, 11/23/2026 - 22:59
  • Израелката исвиркана, Норвежанката како трол, Црногорката покажа двоглав орел: Националните костими на Мис Универзум

    Mon, 11/23/2026 - 22:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.