Израелката исвиркана, Норвежанката како трол, Црногорката покажа двоглав орел: Националните костими на Мис Универзум
Гламур, екстравагантност, историја и уметност... Националните костими на Мис Универзум и оваа година донесоа вистински моден спектакл, но и предизвикаа лавина реакции кај публиката и на социјалните мрежи.
Неколку дена пред големото финале во Порторико, 116 убавици од целиот свет дефилираа во раскошни и необични креации инспирирани од културата, традицијата и националните симболи на земјите кои ги претставуваат.
Некои од нив избраа да ја раскажат историјата на својата земја преку уметност и впечатливи детали, а други се одлучија за костими инспирирани од фолклорот, природата и националните знаменитости. Но, не поминаа сите настапи без контроверзии.
Израел
Претставничката на Израел, Даниел Јаблонка, беше дочекана со свирежи од дел од публиката.
Нејзиниот костим со мотиви од Стариот град во Ерусалим и натписот „мир“ предизвика спротивставени реакции. Подоцна, таа се огласи и порача дека креацијата немала цел да избрише ничија историја или идентитет, туку да ја претстави нејзината лична културна припадност и надежта за мир.
Норвешка
Норвешката убавица Абелоне Смедсруд се појави како трол, суштество од скандинавскиот фолклор, во костим кој целосно ѝ го покриваше телото. Минатата година, нејзината претходничка носеше креација инспирирана од лосос.
Црна Гора
Внимание на Балканот привлече и Марија Александра Ивезај, Албанка која ја претставува Црна Гора. Таа го покажа симболот на двоглавиот орел со рацете, објаснувајќи дека сакала и девојките со албанско потекло од Црна Гора да се почувствуваат претставени на светската сцена. Порача дека повторно би го направила истиот гест.
Хрватска
Италија
Египет
Шпанија
Шведска
Венецуела
Порторико
Казахстан
Латвија
Русија
Романија
Словачка
Украина
Малта
САД
Швајцарија
Мексико
Холандија
Венецуела
Девствени Острови
Ирска
Аруба
Макао
Мартиник
Мајот
Јамајка
Финалето на Мис Универзум е закажано за 24 ноември во Сан Хуан, а победничката ќе ја наследи минатогодишната крунисана убавица Фатима Бош.