Меланија Трамп елегантна во црно на премиера во Њујорк, проговори за политичките амбиции на синот Барон
Меланија Трамп беше во центарот на премиерата на нејзината нова документарна серија „Melania: The Series“, која се одржа во Њујорк.
56-годишната прва дама на САД зачекори на свеченоста во елегантен црн фустан и кадифен блејзер од Долче и Габана, а стајлингот го комплетира со обувки од Кристијан Лобутин.
За разлика од претходниот документарен филм „Melania“, кој ги следеше 20-те дена пред претседателската инаугурација во 2025 година, новата серија нуди поглед зад сцената на животот на Првата дама во Белата куќа, Мар-а-Лаго и кулата Трамп.
Големо внимание привлекоа нејзините откритија за 20-годишниот син Барон Трамп, кој веќе покажувал интерес за политиката и би можел да тргне по стапките на својот татко.
„Мислам дека е многу важно да го живее животот што го сака и што го прави среќен. Не сакам да го контролирам. Тој има свој ум, свој карактер, свои убедувања и јас го почитувам тоа...Тој е многу силен бидејќи мораше брзо да порасне. Неговиот живот не е ист како животот на другите деца. На 10 години се пресели во Белата куќа, патуваше низ светот и многу брзо научи кому може, а кому не може да му верува“ – вели Меланија.
Таа нагласува дека секогаш е тука кога на Барон му е потребен совет, а со насмевка додава:
„Јас сум многу кул мајка. И постојано го потсетувам на тоа“.
Првата дама открива и дека Барон имал значајна советодавна улога во претседателската кампања на Доналд Трамп во 2024 година, особено кога станувало збор за привлекување помлади гласачи.
„Тој ја сака политиката. Му даде неверојатни совети на својот татко. Му објасни како да се поврзе со младите гласачи, со неговата генерација. Му кажа со кого треба да разговара и го запозна со подкастите и стримерите“ – раскажува Меланија.
Новата серија има две епизоди, a е дел од договорот на Меланија со Amazon MGM Studios од 40 милиони долари.