• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Трагедија: Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам меѓу загинатите во сообраќајката кај скопската обиколница

22 мај 2026, 10:03
  • cподели

Голема трагедија ја потресе македонската јавност, откако во тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница животот го загубија три млади лица и таткото на едно од нив.

Според најновите информации, меѓу починатите се познатиот оперски пејач Ристе Велков и неговиот син Адам.

Несреќата се случила синоќа во 23 часот, кога дошло до тежок судир помеѓу камион и автомобил на обиколницата околу главниот град. Според првичните информации од надлежните органи, ударот бил со кобни последици, а лекарите од итната медицинска помош, за жал, можеле само да констатираат смрт на местото на настанот.

Според видеоматеријал од настанот, возилото целосно изгорело.

„На 21.05.2026 во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје. Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопјe“ - изјавиле од МВР за „Слободен печат“.

76-годишниот возач од Косово е приведен, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

Веста за ненадејната и трагична смрт на Велков и неговиот син предизвика бран од неверување и длабока тага кај неговите колеги, пријатели и бројни почитувачи на неговата уметност.

Велков беше истакнат член на Македонската опера, баритон со исклучителен талент, препознатлив глас и силна сценска харизма. Зад себе остави бројни остварени улоги на оперската сцена кои со години ја воодушевуваа публиката, а неговите колеги го опишуваат како врвен професионалец, топол човек и посветен родител.

Најнови

  • dm подароци

    Подарок за матура без стрес: најпрактичните избори веќе се во dm продавниците

    Fri, 05/22/2026 - 10:21
  • Трагедија: Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам меѓу загинатите во сообраќајката кај скопската обиколница

    Fri, 05/22/2026 - 10:03
  • Нов летен хит во најава: Спотот за „Делириум“, новата песна на Пајак со Јован Јованов и Елвир Мекиќ

    Fri, 05/22/2026 - 09:34
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.