Двете пензиски друштва во соработка со Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) деновиве почнуваат со интензивна кампања за информирање на јавноста околу членувањето во задолжителните и доброволните пензиски фондови со кои управуваат, за правата и обврските на осигурениците, како и за организацијата и функционирањето на пензиските друштва.
Со најновата промотивна понуда, Стопанска банка им овозможува на граѓаните да ги орочат своите средства, со атрактивни фиксни каматни стапки и исплата на каматата однапред, уште на самиот почетокот, во моментот (или на датумот) на орочувањето.