• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Александар Динев бесен: „Каков 'маж' си ти, ако гледаш како другар ти крева рака на девојката? Доста е!“

18 ноември 2026, 11:17
  • cподели

Неодамнешните случаи на насилство врз жени во земјава предизвикаа лавина реакции во јавноста, а голем број познати личности одлучија јавно да проговорат за овој сериозен проблем. Преку своите објави, тие испраќаат поддршка до жртвите, но и потсетуваат дека насилството не смее да се премолчува, оправдува или релативизира.

Меѓу оние кои отворено го искажаа својот револт е и младиот тиктокер Александар Динев. Во видео на социјалните мрежи, тој зборуваше за повторувањето на ваквите случаи, но и за вознемирувачките коментари со кои дел од јавноста ги осудува жените наместо да им даде поддршка.

Александар порача дека проблемот не е само во насилниците, туку и во сите оние кои го оправдуваат насилството или молчат кога сведочат на понижување и малтретирање.

„Доста е“ – напиша тој во описот на видеото, во кое вели:

„Смачено ми е... Кога и да отворам социјални мрежи, константно гледам некоја нова објава поврзана со насилство спрема жените. И искрено не знам што повеќе ме нервира – насилството или коментарите коишто ги оставате под објавите.

Пред неколку дена, Билјана од Богданци, којашто имаше само 17 години, беше убиена од маж. Морам да напоменам дека ова е девојче коешто пријавило насилство, а денес не е меѓу нас. Да, ние треба да ги охрабруваме жртвите да пријават насилство, но што се случува откако ќе пријават?

Најново го имаме и случајот со Сара од Охрид. И ние наместо како општество да се запрашаме што можеме ние да направиме за ова да не се случува понатаму, јас читам такви ненормални коментари од типот: ‘Жените сами си го барале тоа’, дека претерувале, дека тоа го заслужувале. Дали сте нормални, кажете ми? Кој со здрав памет го коментира тоа?

Некои луѓе ќе кажат дека порано немало толку насилство, но тоа не е точно. Денес жените се похрабри да бидат погласни за проблемите коишто ги имаат, а ние наместо да ги поддржиме, што правиме? Ги осудуваме! Претеруваат они, преувеличуваат работи, тоа го заслужуваат... Така?“.

Динев сподели и исечок од интервју со Петар Богојески, во кое беше изнесен ставот дека на жените им е потребен машки надзор. Изјавата предизвика реакции на социјалните мрежи, а тој искористи дел од видеото за да го истакне својот став дека ниту една жена не треба да биде контролирана, понижувана или да живее според туѓи правила.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Алфа Телевизија (@alfatelevizijamk)

Тој упати директна порака и до мажите кои се сведоци на насилство врз партнерките на своите пријатели, прашувајќи како можат да останат неми набљудувачи наместо да реагираат.

„Сериозно? Во 2026 година? Прво, жената не е ничија сопственост. Не ѝ треба дозвола за тоа дали може да излезе од дома, како да се облече, да има свое мислење... Затоа што буквално самата може да одлучува за сопствениот живот.

А ова сега што ќе го кажам особено го мислам за „мажите“. Ако твојот другар ја контролира сопствената девојка, ја понижува, ја погазува, ѝ се заканува и не дај Боже ѝ крева рака, како можеш да седиш и ништо да не направиш? Кажи ми, како? Па, каков маж си ти? Затоа што да дозволиш некој така да се мачи, а ти да гледаш од страна, ти си соучесник, ти си дел од проблемот. Реално кажувам, не сакам да живеам во држава каде што некој би се плашел за сопствениот живот, а уште помалку би сакал да живеам во општество каде што насилството е нормализирано.

Секоја девојка, секоја жена или било кој да е човек не заслужува да живее во страв, луѓе. Сакам да живеам во држава каде што ќе ги штитиме луѓето пред да е предоцна“ – вели Динев.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Aleksandar Dinev (@aleksandardinev)

Tags
Александар Динев

Најнови

  • Групна венчавка во црква во Кавадарци: 39 љубовни приказни заедно добија Божји благослов

    Wed, 11/18/2026 - 21:40
  • „Виолина и гитара“: Коки настапи со внукот на Дуле кој свиреше на гитарата на покојниот музичар

    Wed, 11/18/2026 - 11:49
  • Александар Динев бесен: „Каков 'маж' си ти, ако гледаш како другар ти крева рака на девојката? Доста е!“

    Wed, 11/18/2026 - 11:17
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.