„Нашето секојдневие стана како сцена од хорор филм“: Јавните личности со коментари по насилството врз девојки од Охрид и Битола
Двата нови случаи на брутално насилство врз жени, кои деновиве ја вознемирија македонската јавност, ги отворија прашањата за безбедноста на жените и одговорноста на институциите. По нападите врз 21-годишната девојка од Битола и 26-годишната Сара Ѓоргиевска од Охрид, јавноста реагираше со револт, страв и барања за итни промени.
Во вакви моменти, молчењето не е опција, па сè поголем број познати македонски личности јавно го креваат гласот, изразувајќи поддршка за девојките и барајќи поголема одговорност, правда и посериозна заштита на жените.
Меѓу нив се Викторија Лоба, Лила Филиповска, Тамара Тодевска, Верица Донев, Таско, Весна Петрушевска и Каролина Гочева, кои преку своите објави испратија силни пораки.
Еве што порачаа:
Викторија Лоба
Лила Филиповска
Тамара Тодевска
„Понижена, обесправена, претепана, згазена, оставена пред маркет, навредена... молкот не бил и не смее да биде опција.
Да зборуваме, да пријавуваме, да споделуваме.
Да се држиме заедно и да не дозволиме да не скршат во желбата за подобро, за нашите деца, ќерки - за сите нас.
Have no fear, the power lies in you... in all of us
“
Стефан Лазаров
Каролина Гочева

Верица Донев
Ведрана Ѓорѓевиќ
Елена Ристеска
Стефанија Гаштарска
Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид
„Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид во текот на вчерашниот ден. Како личност и како градоначалник згрозен сум, Охрид е згрозен! Вакви немили настани не се одлика на Охрид и не смеат да се случуваат во Охрид. Ги повикувам надлежните институции брзо, ефикасно и правично да постапат. Јавно се оградувам и стојам на страната на правдата и Законот. Насилство не е решение!
П.С. Сите насилни случаеви од овој карактер во изминатиов период ни укажуваат дека најитно ни е потребна промена во Законот за постапувањето и третирањето на насилниците на поинаков начин - напиша тој на Facebook.“
Проф. д-р Нико Беќаровски
Ненад Лазаров
Мартин Јованоски
„А колку требал да ја тепа за да се квалификува како обид за убиство?
Колку е доволно?!
Колку е минималниот праг, а обвинителу?!
Малку ли се подливите, раните, модриците, скубењето и исечениците?
Малку ли се раните на главата?
Фрлањето од кола?
Влечењето по земја?
Пцуењето, заканите?
Шамарите и боксовите?
Требало уште за да биде обид за убиство а?
Малце и е а??
Недоволно?
А 1,29 алкохол во крв?
Или тоа не менува ништо а?
А резултатите од тестот за дрога кај се?
А колку пати ти ѕвонеше телефонот утрото, а обвинителу?
И не е К.К.(31) туку е Кристијан Корабоски од Охрид - психопат, манијак, лигуш и страшливец.
И да, да имаше бар малце муда, наместо да се криеш позади фустанот на мама, сам ќе си побараше притвор и најстрога казна за себе.
Да беше барем малце маж, сам ќе се казнеше...
Да беше...“