Јелена Ѓоковиќ во шик стајлинг покрај Новак, се држеа за рака на конференција на нивната Фондација
Јелена и Новак Ѓоковиќ постојано се залагаат за подобрување на условите за раст и развој на децата и подигнување на свеста за важноста на правилното воспитување и образованието.
Преку својата Фондација „Новак Ѓоковиќ“, тие отвораат важни теми за родителството, детството и предизвиците со кои се соочуваат современите родители, поттикнувајќи разговори и размена на искуства со стручни лица.
На најновата конференција во Белград, 39-годишниот тенисер и неговата 40-годишна сопруга им се обратија на присутните. На сцената, тие се држеа за раце, давајќи си меѓусебна поддршка.
Јелена привлече внимание со модерниот стајлинг со сини очила. Таа сподели фотографии и напиша:
„И тоа е крајот на нашата четврта родителска конференција со @novakfoundation, а некако чувствувам дека сме само на почетокот! ☺️
Некој на една од нашите дискусии рече: 'За секоја година што расте детето, родителот старее десет.' 🤪😂 Епа, сега ми е јасно зошто никогаш не можеме да имаме доволно поддршка во родителството!
Го обожавам моето семејство и начинот на кој моите деца, сопругот, родителите, сестра ми и пријателите постојано ме поттикнуваат да бидам љубопитна, да поставувам прашања и да учам нови работи. А обожавам и да го споделувам сето тоа со вас! ❤️
Знам, знам, мојата неисцрпна љубопитност понекогаш може да биде напорна, но немам апсолутно никаква намера да ја намалам! Напротив! 😜 Затоа, со среќа на сите што ме трпат! 🤭
А мојот сопруг изгледаше премногу згодно за да не ви го покажам. Само мал потсетник дека не сте вие единствените негови обожавателки! 😝❤️“.
Новак и Јелена имаат две деца, Стефан и Тара.