„Виолина и гитара“: Коки настапи со внукот на Дуле кој свиреше на гитарата на покојниот музичар
Концертот на Коки Јанков беше одбележан со многу емоции и носталгија.
На сцената во Македонската филхармонија, талентираниот музичар одржа прекрасно музичко шоу во чест на 30-годишнината од музичкиот старт на легендарното дуо Дуле и Коки и нивниот хит „Виолина и гитара“.
Покрај бројните колеги од естрадата, на сцената на Коки му се придружи Раде, внукот на Душан Љубисављевиќ – Дуле. Младото момче свиреше на гитарата на својот чичко и заедно со Коки ја изведоа „Виолина и гитара“.
Дуле почина на 23 септември 2013 година.
