• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Повисок е од мајка си и наликува на Пике... Шакира со 13-годишниот син Милан на кошаркарски натпревар

18 ноември 2026, 09:41
  • cподели

Шакира се појави во друштво на поголемиот син во Мајами.

Популарната пејачка и 13-годишниот Милан присуствуваа на кошаркарскиот натпревар меѓу Детроит Пистонс и Мајами Хит.

За оваа пригода, тинејџерот избра лежерна комбинација од широка маица, фармерки и бели патики, која ја надополни со зелена капа со бели ѕвезди.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by NBA Latam (@nbalatam)

49-годишната колумбиска ѕвезда воодушеви во целосна тексас комбинација. Гордата мајка избра широка кошула со впечатлив дезен, тесни фармерки, високи чизми и црни очила за сонце. 

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Let’s Gossip (@letsgossip)

На видеата и фотографиите од настанот, се гледа дека Милан веќе е неколку сантиметри повисок од мајка му, а и дека многу наликува на татко му Жерар Пике.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lizeth Reyna (@lreyna2020)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Shaki🐺 (@shkirafans)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Brickell News ©️ (@brickell.news)

Покрај Милан, Шакира и Пике, го имаат и 11-годишниот син Саша. Тие беа заедно 11 години и раскинаа во 2022 година.

Поранешните партнери неодамна се сретнаа во Барселона, на судско рочиште на кое Шакира барала измени во договорот за старателство. Станува збор за делот кој се однесува на патувањата на децата меѓу Мајами, каде живеат со неа, и Барселона, каде живее нивниот татко.

Пејачката смета дека товарот од честите патувања не треба да паѓа единствено врз децата, па побарала Пике да доаѓа во Мајами за време на пократките училишни распусти.

Милан и Саша во 2023 година се појавија и во видео-записот на заедничката песна со нивната мајка, насловена Acróstico.

Tags
Шакира
Жерар Пике

Најнови

  • Групна венчавка во црква во Кавадарци: 39 љубовни приказни заедно добија Божји благослов

    Wed, 11/18/2026 - 21:40
  • Повисок е од мајка си и наликува на Пике... Шакира со 13-годишниот син Милан на кошаркарски натпревар

    Wed, 11/18/2026 - 09:41
  • Данијела Мартиновиќ за љубовта која ја пронајде по Петар Грашо: „Јас со Јосип не се карам. Го гледам и си велам ‘Фала ти Господе’“

    Wed, 11/18/2026 - 09:31
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.