Данијела Мартиновиќ за љубовта која ја пронајде по Петар Грашо: „Јас со Јосип не се карам. Го гледам и си велам ‘Фала ти Господе’“
По раскинувањето на долгогодишната врска со Петар Грашо, Данијела Мартиновиќ денес ужива во љубовна приказна која ѝ носи мир, сигурност и многу причини за благодарност.
Хрватската пејачка среќата ја пронајде покрај Јосип Плавиќ, поранешен криминалистички инспектор кој се занимава и со музика.
За нивната љубовна врска јавноста дозна во 2023 година, а оттогаш Данијела не крие колку е среќна покрај партнерот.

Во разговор за „In Magazin“, таа откри детали од нивното секојдневие и призна дека ѝ е многу лесно да живее со Јосип. Парот во моментов ги прави завршните подготовки пред да се всели во новиот заеднички дом, процес кој кај многу парови може да предизвика нервоза и несогласувања. Но, кај нив, очигледно, нема простор за расправии.
„Јосип не се кара. Тоа кај него не постои. Тој никогаш не го крева гласот. Нему сè му е во ред, сè му е добро. Тоа е таква леснотија на постоење што е нешто неверојатно. Само го гледам и си помислувам: ‘Фала ти Господе!’“ – рече Мартиновиќ.
Парот го замени градскиот живот со помирна средина во Штакоровец, во близина на Долго Село, место во кое создава свое мало прибежиште.
Данијела продолжува да работи и на музичката кариера. Нејзината нова песна „Da ga opet vidim“ веќе е претставена пред публиката, а таа има подготвено уште две песни.